Gaerne G. Hurricane
Кошничката е празна!
Најпродавани

Gaerne G. Hurricane

Gaerne G. Hurricane
Gaerne G. Hurricane Gaerne G. Hurricane Gaerne G. Hurricane Gaerne G. Hurricane
Бренд: Gaerne
Код на производот: gaerne
Достапност: 11
9,500ден.

Достапни опции


* EU број:

 
   - ИЛИ -   

Патики за планински велосипедизам
Произведени во Италија - од Герне (Gaerne)

За моделот:
Идеален избор за сите кои бараат богата функционалност кај модел кој може да се користи како при тренинг, така и при трки! Ова е многу лесна патика, со мек микрофибер, кој е ласерски перфориран за одлична дишливост. Во комбинација со БОА системот на стегање со доживотна гаранција и новиот, специјално направен ѓон - ова е модел со одличен однос на цена и квалитет!


За компанијата:
„Кој ќе ги носи нашите патики, треба да биде горд - затоа што нашето име значи квалитет без компромис“
Основанаа во 1962 година, од страна на Ернесто Гацола, Герне до ден-денес е пример за префинетост и за тоа што навистина значи тоа „Направено во Италија“! 
Вештина на врвни мајстори, ригорозна селекција на материјали и бескомпромисност во квалитетот, иновација и дизајн на нови и оригинални решенија: ова е философијата на брендот кој низ својата историја ја има основата на континуиран моментум и иновација, а резултат пак на тоа е меѓународен успех на производите и италијанскиот стил!


За БОА системот во овој модел
Не секој систем на затенување со салја е ист! Впрочем разликите се големи!
БОА системот доаѓа со доживотна гаранција и е репер за тие кои го имитираат, но не го достигнуваат ;)
БОА системот во овој модел овозможува вртење на стегата во еден правец: вртењето е кон напред и од двете страни - и служи за затегнување. За олабавување или соблекување на патиката, стегата само треба да се извлече нанадвор и со тоа се олабавува целиот систем/сајла.


За ѓонот:
MTB 2DENSITY SOLE 7.0
Најновиот производ од одделот за истражување и развој на Герне: сосема нов ѓон, специјално изработен за планински велосипедизам! Во него се инкорпорирани повеќе материјали, со кои се добива потребната издржливост, леснина и низок профил - потребни за што подобри перформанси, но секако и комфор! Плетката е дизајнирана да овозможи максимален грип/стабилност и има одлична издржливост на секаков тип на терен. Во предниот дел, под прстите, има можност да се постават два запци/крампони - кои дополнително доаѓаат добро кога теренот е со разнолик квалитет и влажност и при кал...
Индекс на крутост: 7


За влошката:
Во овој модел се користи анатомска, перфорирана влошка - за оптимален комфор и вентилација.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: gaerne, hurricane, mtb