Elite Tuo
Кошничката е празна!
Најпродавани

Elite Tuo

Elite Tuo
Elite Tuo Elite Tuo Elite Tuo
Бренд: Elite
Код на производот: Elite
Достапност: 1
30,800ден.
 
   - ИЛИ -   

Елит ТУО

Интерактивен тренажер со симулација на стрмнина до 10%, прецизност на мерење до 5% и моќност до 1300вати.

Стил и перформанси
Компактен дизајн - за голема помош за време на вашите тренинг сесии. Туо е интерактивен тренажер, на кој се поставува задното тркало на вашиот велосипед и кој има автоматска подесливост на отпорот. Тој е сигурен технички придружник, кој неприметно ќе се вклопи во било кој дел од вашиот дом - а во исто време ќе го понесе вашиот тренинг на следно ниво.

Прекрасен за време на користење и елегантен кога е склопен
Туо е создаден да биде корисна тренинг алатка, со супериорен италијански дизајн, со кој тренажерот станува идеален дел од мебелот во дневната или друга просторија од вашиот дом или канцеларија - кога не го користите. 
Ова е солиден тренажер со компактен дизајн, направен од висококвалитетни материјали: алуминиумски уред, челично куќиште и ногарки од буково дрво - еден од најубавите материјали за внатрешен дизајн, многу издржлив и цврст. Буковото дрво секако не е само за изгледот, туку тоа совршено ги апсорбира вибрациите за време на тренингот и овозможува со тоа голема стабилност. 

Компактна структура и брзо поставување
Туо е многу лесен и едноставен за транспорт. Ногарките се собираат/подесуваат лесно и брзи во секое време. Кога е склопен, тренажерот е многу компактен и можете да го поставите било каде во домот или канцеларијата, обезбедувајќи со тоа чистота и уредност во средината.
Дрвените ногарки на краевите имаат непролизгувачки гумени завршетоци, а уредот е со систем за брзо фиксирање - со едноставна стега, можете да го поставите или отстраните велосипедот со една, брза операција.

Тивок тренажер со голема компатибилност
Туо не само што е компактен и прекрасен, тој е и тивок.Ролерот на кој се допира задната гума, е направен од Еластогел, што е ексклузивен полиуретански молекул развиен и тестиран од Елит, со цел да се намали звукот при триењето и до 50%, но и да се намали износувањето на задната гума за дополнителни 20%.
Друга силна придобивка за Туо е и неговата рамка, која може да собере поголеми рамки. Тренажерот има едноставен инсталационен процес - со микроподесувчки механизам за подесување на велосипедот, како и репозиционирање на ногарките за да може да се постави велосипед со трката од 26“ до 29“. Туо е еден од најкомпатибилните тренажери кој со собе ги има и сите потребни адаптери за да се инсталираат велосипеди со различни главини: од 130х5мм квик рилис до 148х12мм буст тру аксел.

Интерактивност
Туо е „смарт“, интерактивен тренажер, кој може да комуницира со секаков тип на апликации, софвтер, компјутер и друг уред, со различни оперативни системи.
Трансферот на податоци е безжичен и може да биде менаџиран со различно платформи: Мој е-тренинг (12-месечна бесплатна претплата), но и Звифт, ТрејнерРоад, Саферфест, Бајкево, Киномап и други (за кои ќе биде потребна претплата соодветно на секоја платформа според нивни ценовници)

Видео запознавање:
 

Видео за склопувањето:
​​

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: elite, tuo