Кошничката е празна!
Најпродавани

Bryton Rider 420 bundle

Bryton Rider 420 bundle
Bryton Rider 420 bundle Bryton Rider 420 bundle
Бренд: Bryton
Код на производот: bryton
Достапност: 8
11,700ден.
 
   - ИЛИ -   

Едноставно прецизен!

Рајдер 420 уредот е изработен од висококвалитетен, оптички врзан дисплеј - дизајниран да овозможи чист и разнолик преглед на тренингот. Со својата функција за следење на патека, со нотификации за следно вртење, овој уред го прави истражувањето на непознат терен - безгрижно, а со инкорпорирањето на целосниот навигациски систем ГНСС, се овозможува побрзо врзување со сателети и загарантирано попрецизно позиционирање и снимање.
Со поддршката со АНТ+ и БЛЕ сензорите, подобрено е и корисничкото искуство и компатибилноста!

Следете ја патеката
Ослободете го Вашиот авантуристички дух со функцијата за следење на патека на Рајдер 420!
Сега можете да планирате и да креирате патеки во апликацијата на Брајтон, но и да снимите фајлови/патеки (.гпх) од други платформи, како и да го поврзете уредот и следите патеки од Strava, Комоот, Ride with GPS - и да дозволите Рајдер 420 да стане Ваш водич. Уредот овозможува навигација со најава за секое следно вртење, информација за имињата на улиците, растојанието и правецот на секое вртење... Започнете нови истражувања и Рајдер 420 ќе Ве води!

Мотивирајте се со ПОИ/Пик информациите
Секогаш е корисно да го знаете растојанието до Вашето следно застанување. Откако ќе ги поставите тие точки (POI и Peak), при следењето на патеката, ќе добивате и инфо за растојанието до нив, што ќе Ви помогне во носењето на правилни одлуки согласно моменталниот статус и ќе Ви помогне да бидете мотивирани.

Кристално јасен дисплеј
Креиран за најдобро искуство при прегледувањето, Рајдер 420 е опремен со јасен и одлично читлив црно-бек екран со големина од 2.3“. Висококвалитетниот, оптички врзан дисплеј, овозможува кристално јасно читање, од било кој агол и во било која средина. Со едноставно гледање на стрната, која може да собере 8 податоци на себе - може да се добие целосен приказ за моменталните перформанси при возењето.

АНТ+ / БЛЕ сензори
Со едноставно поврзување, уредот работи одлично со АНТ+ / БЛЕ сензори - по ваш избор и потреба: за брзина, каденца, пулс, моќност.

Апсолутна прецизност
Рајдер 420 уредот на Брајтон вклучува 5 различни системи за глобална навигација: ГПС (САД), Глонас (Русија), БДС (Кина), Галилео (Европа) и КЗСС (Јапонија). Со тоа се добива побрзо поврзување и многу посигурна мрежна, навигациска покриеност во било која ситуација.

80 функции / 35 часа батерија
Овој уред овозможува богата палета на податоци, потребни за прегледување на перформансите при возењето - до 80 различни функции.
Опремен со моќна батерија, тој е исто така погоден и за било кое долго возење! Батеријата може да трае до 35 часа, но и да се полни при користењето.

Калибрација на мерачи на моќност и поддршка на педали
Рајдер 420 поддржува и педали кои се мерачи на моќност - со лесна калибрација. Едноставно внесете ја должината на курблата на преносот и ќе добивате прецизни информации за моќноста!

Смарт нотификации
Никогаш повеќе не грижете се за пропуштен повик, мејл или текст порака за време на возењето! Рајдер 320 овозможува да добивате нотификации на самиот екран, по едноставно поврзување преку БЛЕ со Вашиот Андроид/иОС телефон.

Димензии/тежина
Ширина: 49.9мм
Висина: 83.9мм
Длабочина: 22мм
Тежина: 67 грама


Други општи податоци:
Работна температура: -10°C/60°C
Снимање: до 300 часа активност
Водоотпорност: IPX7
Број на кругови при специфичен тренинг: до 130
Барометарски висиномер: Да
и други...

Подесувачка светлина на екранот: Да
Висина/стрмнина/температура: Да
Профили на велосипеди: до 2
и други...


Што има во пакетот: 
Рајдер 420 главен уред
Сензон за каденца
Сензор за пулс
Безбедносна тенка замка
УСБ кабел
Округол држач за на стем/волан
Упатство
 

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bryton, rider