Bryton Rider 750
Кошничката е празна!
Најпродавани

Bryton Rider 750

Bryton Rider 750
Bryton Rider 750 Bryton Rider 750
Бренд: Bryton
Код на производот: bryton
Достапност:Производот моментално го нема на залиха
0ден.

За возачите кои бараат нови и моќни функции и технологии, Рајдер 750 нуди „онлајн“ навигација со претходно снимени мапи и напредни тренинзи, во комбинација со нови интеграции, како на пример Велосипедскиот радарски систем и поддршката за „смарт“ тренажери, како и динамичката сензон поддршка.

Екран на допир во боја со ГКИ
Овој уред доаѓа со 2.8“ екран во боја на допир, со новиот и интуитивен, Графички кориснички интерфејс со динамични бои - кои кореспондираат на уникатно креираните зони за пулс и моќност, како и лесно разбирливи икони. Во овој уред има инкорпорирано како класичен приказ на функциите, така и Графички приказ за прегледување на податоците од возењето - во јасен, повеќебоен графички стил. 

20 часа батерија!
12 страни со податоци!

„Онлајн“ навигација со OSM
Со користење на OpenStreetMaps (OEM), Рајдер 750 инстантно ја дава Вашата локација и детали за правецот на движење. Кога се користи функцијата за навигација, можете да гледате детално водење за секое свртување по патот, вклучувајќи секако растојание до тоа свртување и правец во кој се случува вртењето, а постои секако и опција на пресметување на нова патека, ако во случај излезете од претходно снимената/замислената.

Гласовно пребарување
При интернет поврзаност, можете да го користите Вашиот глас за пребарување на локации на Рајдер 750, елиминирајќи ја со тоа потребата да користите тастатира и пишување. Пребарувањето е достапно на повеќе од 100 јазици и тоа овозможува побрзо, поинтуитивно и поедноставно пронаоѓање на адреси или точки на интерес.

Мотивирајте се со ПОИ/Пик информациите
Секогаш е корисно да го знаете растојанието до Вашето следно застанување. Откако ќе ги поставите тие точки (POI и Peak), при следењето на патеката, ќе добивате и инфо за растојанието до нив, што ќе Ви помогне во носењето на правилни одлуки согласно моменталниот статус и ќе Ви помогне да бидете мотивирани.

Витуелно возење
Уживајте во бескрајни можности од комфорот на Вашиот дом со Симулацијата на виртуелно возење. Со користење на ANT+ FE-C, уредот се поврзува со повеќето модели на тренажери и може да симулира снимени возења од Актив апликацијата на Брајтон. Овие конвертирани возења може да бидат симулирани по стрмнини и да се добие интересно возно искуство.

Тренирање со „смарт“ тренажери
Лесно креирајте лични тренажни процеси на „смарт“ тренажер во Вашиот дом! Тренингот може да биде креиран преку Актив апликацијата на Брајтон и да биде директно снимен на уредот. Со ANT+ FE-C поддршката, уредот ќе комуницира со тренажерот за да симулира соодветен отпор за тренингот.

Контрола на „смарт“ тренажерот
Преку Рајдер 750, може да се контролира и самиот тренажер - со подесување на нивото на отпор за соодветната цел при тренингот или за подесување на моќноста која сакате да ја достигнете.

3 профили
Преку овој уред може да се постават 3 профили, а нивните сетинзи може целосно да бидат модификувани, со смена на име, за секаков тип на возење...

ЕСС поддршка
Рајдер 750 поддржува електронски менувачки системи, како на пример: Шимано Ди2, СРАМ еТап и Кампањоло ЕПС. Информациите за брзините, односот на запчаниците, комбинацијата на запчаниците и информацијата за батеријата - веднаш се прикажуваат на уредот и се елиминира потребата за рачна проверка на преносите и касетите.

Поддршка за радар
Рајдер 750 на едноставен начин, се поврзува со ANT+ Radar и со тоа се добива можност на екранот да добивате информации и за возила кои ви се приближуваат, како и да добивате 3 нивоа на аудио предупредувања.

Поддршка за е-велосипеди
Со инкорпорирање на поддршката за велосипеди на Шимано Степс, Рајдер 750 може да прикаже многу информации и за Вашиот е-велосипед, како на пример информации за батеријата, моментално ниво на моќност, време колку имате на располагање за возење во тоа ниво на моќност итн.

Димензии/тежина
Ширина: 49.7мм
Висина: 92.5мм
Длабочина: 23.8мм
Тежина: 93гр

Општи податоци:
Екран во боја: Да
Работна температура: -10°C/60°C
Снимање: до 300 часа активност
Водоотпорност: IPX7
Број на кругови при специфичен тренинг: до 130
Барометарски висиномер: Да
Зони на пулс: 7
и други...

Подесувачка светлина на екранот: Да
Висина/стрмнина/температура: Да
Профили на велосипеди: до 3
12 податоци на екран/8 екрани
Смарт нотификации за повик, мејл и пораки
и други...


Навигација
Вградена базна мапа: Да
Можност за симнување на мапи: Да
Следење на патека: Да
Пребарување на локации: Да
Враќање до почеток: Да
и други...


Што има во пакетот: 
Рајдер 750 главен уред
Безбедносна тенка замка
УСБ кабел
Округол држач за на стем/волан
Издолжен алуминиумски држач
Упатство

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bryton, rider