Asolo Eldo LTH GV
Кошничката е празна!
Најпродавани

Asolo Eldo LTH GV

Asolo Eldo LTH GV
Asolo Eldo LTH GV Asolo Eldo LTH GV Asolo Eldo LTH GV Asolo Eldo LTH GV
Бренд: Asolo
Код на производот: asolo
Достапност: 7
10,800ден.

Достапни опции


* UK Големини:

 
   - ИЛИ -   

Ниска чевла за планинарење од италијанската компанија Асоло, во чија конструкција одлично се искомбинирани водоодбивно третирана кожа и Гор-Текс водоотпорна мембрана - гаранција за отпорност и дишливост.

Оваа чевла, благодарение на својата конструкција, нуди одлична поддршка, стабилност и комфор при движењето. Ѓонот во својот состав ја има докажаната МегаГрип компонента, со која се добива одличен грип, независно дали се движите по сув или влажен терен, а неговиот дизајн и конструкција пак овозможуваат прецизно и безбедно стапнување на потехнички терен.

Спецификација:

Материјал: Водоодбивно третирана кожа 1,5-1,7мм
Мембрана: Gore Tex Extended Comfort Footwear
Анатомска влошка: Asolo/Ortholite
Ѓон: Asolo/Vibram AG со MegaGrip компонента
Тежина: 340 грана за чевла со големина 42

За компанијата:

Наш избор во колку што повеќе можеме сегменти, е да понудиме производи, кои потекнуваат од компанија која специјализирала во тоа поле. Компанија која целосно се вложила, да во тоа што го работи - навистина понуди највисок квалитет и перформанси.

Во сегментот за чевли за планинарење успеавме во оваа наша заложба и изборот го направивме на италијанската АСОЛО. Малку за историјата на оваа компанија.

Асоло е основана во 1975 година, од страна на Џанкарло Танци и своето име го добива по истоимениот град во северо-истокот на Италија, кој се наоѓа во близината на Венеција - каде што првично таа и е основана.

Асоло од секогаш била компанија - пионер во иновацијата. Пар примери:
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која е комбинација на кожа и текстил (Кордура во случајот)
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која користи ГорТекс мембрана.
Овие две иновации не само што го сменија пазарот - ја сменија воопшто индустријата за производство на чевли за планинарење!

Во 1998 година, водењето на компанијата ја превзема семејството Заната - кое пак има семејна традиција во чевларството од 1946 година. Асоло денес ја води 4тата генерација од ова семејство по нивното превземање на Асоло - подеднакво посветено во пронаоѓањето на совршениот микс на традиција, квалитет и иновација.

Чест е да се биде дел од нивната работа!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: asolo, eldo