Bryton Rider S500 bundle
Кошничката е празна!
Најпродавани

Bryton Rider S500 bundle

Bryton Rider S500 bundle
Bryton Rider S500 bundle Bryton Rider S500 bundle Bryton Rider S500 bundle Bryton Rider S500 bundle
Бренд: Bryton
Код на производот: bryton
Достапност: 2
25,500ден.
17,850ден.
 
   - ИЛИ -   

Модел од највисоката класа, од новата т.н. „С“-серија на ГПС уреди за велосипедизам од Брајтон.
Цената е за сетот од уред со сензори за пулс, брзина и каденца, како и други аксесоари (наброени најдолу во текстот).

Сега со одличен ПОПУСТ 30%

Спецификации:
Ширина: 51мм
Висина: 84мм
Длабочина: 17.4мм
Тежина: 87гр

Bryton Rider S500 се одликува со тенок, компактен дизајн кој е оптимизиран за про-возачи, комбинирајќи ги сировата моќност, издржливост и прецизност на претходниците од овој тип на уреди, со сестраноста и напредните функции кои ги очекуваат професионалците - сето тоа во подобрена, аеродинамична конструкција.

Надминете ги границите!

Дизајнирано од професионалците, создадено за перформанси

Сензор за амбиентална светлина
Со користење на вградениот сензор за амбиентална светлина, Брајтон Рајдер С500 може автоматски да го подеси своето осветлување согласно светлосното опкружување.

Подесливо мени за брзи информации
Со едноставно допирање на екранот, во функција на мерење, се отвара мени за брзи информации - кои го подесувате самите, со информации за возењето кои Ви се важни Вам.

24 часа батерија
Со силна батерија која може да даде енергија до 24 часа на уредот, Брајтон Рајдер С500 има доволно сила и издржливост за секаков предизвик.

Беспрекорно снимање
Рајдер С500 ќе продолжи со снимањето на возењето, таму каде сте застанале дури иако уредот бил исклучен. Со повторното вклучување, продолжува снимањето на податоците од тоа возење.

Останете на патеката. Напредни навигациски карактеристики!

Гласовно пребарување
Брајтон Рајдер С500 го зборува Вашиот јазик! Со поврзување на интернет, се елиминира потребата од куцање на тастатура и може да се пребарува гласовно на преку 100 јазици. Со тоа се добива побрзо и поинтуитивно пребарување на адреси и други точки од интерес - додека возите на патот, патеката или било и каде да сте.

Отворени мапи и велосипедски точки на интерес
Рајдер С500 доаѓа со интегрирани „отворени мапи“, со голем зум. На мапите може да се најдат наменски точки на интерес за велосипедизам: продавници за велосипедизам, болници, места за вода, одморалишта, храна... Со поставување на курсорот на мапата каде е таа точка, се добиваат повеќе информации за нејзе. Исто така, на Рајдер С500 има и патеки за планински велосипедизам и други интересни нешта за вљубениците во возењето надвор од асфлатот.

Напредни фукнции за следење
Кога следите некоја насока, ако излезете од нејзе, ако уредот е поврзан со телефонот, тој ќе ве пренасочи да се вратите на патеката. Дополнително, можете да ги смените почетната и крајната точка на патеката, како и да следите назад пат кој ќе ве врати назад на патеката која сте ја возеле.

Навигација со најава на вртење
Независно дали истражувате некои нови предели или следите снимена патека, Рајдер С500 е совршен придружник, кој ќе Ве известува за секое следно вртење, а овозможува и други податоци: имиња на улици (кога е поврза со апликацијата), места на интерес (кои дополнително може да се додаваат и преку апликацијата), информации за растојанието и правецот итн.

Брдски предизвик!
Кога се приближувате до некое искачување, уредот Ве носи од екранот на кој сте во моментот - на екран посветен на тоа искачување, на кој ги имате сите потребни информации за него. На овој екран исто така има и графичко сумирање на повеќе искачувања, јасно препознатливи различни бои за сегменти, должина, качување, симнување, почетна и крајна точка - лесен пристап за тоа предизвикувачко качување во момент!

Врска со тренажер
Моќни нови функции и широк спектар на интеграции! Рајдер С500 е возбудлива алатка за поврзување со Вашиот тренажер. Со ANT+ FE-C компатибилност, уредот може да комуницира со тренажерот и да ја контролира на пример моќноста, да симулира лични виртуелни тренинзи или пак и да симулира и патека за возење - снимени патеки кои ги имате на Брајтон Актив апликацијата. Овие конвертирани патетки потоа може да бидат симулирани со стрмнина - за најдобро искуство при нивно повторување/тренирање. 

Следење во живо
Споделете ја Вашата моментална локација со пријатели или со семејството: едноставно генерирајте линк од Вашиот телефон и споделете ја преку било кој начин на споделување пораки. На тој начин, тие ќе можат да ве следат и не само да ја гледаат Вашата позиција, туку и моментална брзина, време на возење, растојание и време поминато од последно апдејтување на овие информации во системот!

Компатибилност со „радарски“ систем
Поврзувајќи се со АНТ+ со некој од „радарските“ системи кои постојат на пазарот (вклучувајќи го секако и моделот на Брајтон - Гардиа Р300), на екранот, во десната страна, во вертикална лента - можете да ги следите возилата кои Ви приоѓаат од позади на растојание и до 150 метри. Дополнително, има и звучен сигнал за алармирање...

Амбиентален светлосен сензор
Адаптибилност на секакви услови: благодарение на овој сензор, Рајдер С800 ја подесува својата позадинска светлина на дисплејот, во зависност од околната светлина. Кога возите во некој затворен простор, поминувате низ тунел, под дрвја и сл. светлото ќе биде посилно...

Нотификации
Не грижете се за пропуштен повик, е-маил или пораки за време на возењето. Со поврзување на уредот со Вашиот телефон, тие автоматски се појавуваат на екранот.

Што доаѓа во сетот:
Уред Рајдер С500
Сензор за пулс
Сензор за каденца
Сензор за брзина
УСБ-Ц кабел
Држач за на стем и долг држач за да дојде уредот пред воланот
Безбедносна, еластична замка
Заштитна гумена маска за уредот

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bryton, rider s500