Кошничката е празна!
Најпродавани

Asolo Altai Evo GV ML

Asolo Altai Evo GV ML
Asolo Altai Evo GV ML Asolo Altai Evo GV ML Asolo Altai Evo GV ML Asolo Altai Evo GV ML Asolo Altai Evo GV ML
Бренд: Asolo
Код на производот: asolo
Достапност: 6
13,500ден.

Достапни опции


* UK Големини:

 
   - ИЛИ -   

Лесна чевла за планинарење, со женски фит.

Шелер К-Тек материјалот, овозможува заштита и комфор при движењето, додека пак Перформанс Комфор ГорТекс мембраната, гарантира водоотпорност и дишливост!
Во конструкцијата, под стопалото се користат материјали со различна густина, кои овозможуваат дополнителна стабилност и поддршка при движењето, како и комфор и „амортизација“.
Ѓонот има „само-чистечки“ дизајн, а во себе ја содржи и МегаГрип компонентата, која пак овозможува неверојатен грип, стабилност и перформанси, како на влажен, така и на сув терен. 
Во предниот дел, околу и над прстите, поставена е дополнителна заштита над кожата, а системот на врзување кој се користи во овој модел - овозможува многу лесно и брзо затегнување и подесување...

Спецификација:

Материјал: Шелер К-Тек
Мембрана: Gore-Tex Performance Comfort Footwear
Основа: Asoflex OO MR
Анатомска влошка: Lite 2
Ѓон: Asolo/Vibram Duo Radiant со MegaGrip компонента
Тежина: 590 грама за чевла со големина 42

За компанијата:

Наш избор во колку што повеќе можеме сегменти, е да понудиме производи, кои потекнуваат од компанија која специјализирала во тоа поле. Компанија која целосно се вложила, да во тоа што го работи - навистина понуди највисок квалитет и перформанси.

Во сегментот за чевли за планинарење успеавме во оваа наша заложба и изборот го направивме на италијанската АСОЛО. Малку за историјата на оваа компанија.

Асоло е основана во 1975 година, од страна на Џанкарло Танци и своето име го добива по истоимениот град во северо-истокот на Италија, кој се наоѓа во близината на Венеција - каде што првично таа и е основана.

Асоло од секогаш била компанија - пионер во иновацијата. Пар примери:
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која е комбинација на кожа и текстил (Кордура во случајот)
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која користи ГорТекс мембрана.
Овие две иновации не само што го сменија пазарот - ја сменија воопшто индустријата за производство на чевли за планинарење!

Во 1998 година, водењето на компанијата ја превзема семејството Заната - кое пак има семејна традиција во чевларството од 1946 година. Асоло денес ја води 4тата генерација од ова семејство по нивното превземање на Асоло - подеднакво посветено во пронаоѓањето на совршениот микс на традиција, квалитет и иновација.

Чест е да се биде дел од нивната работа!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: asolo, altai