Достапни уште само 2 големини: 45 и 43.
Одлична цена со 40% ПОПУСТ.
Патики за планински велосипедизам
Произведени во Италија - од Герне (Gaerne)
За моделот:
Ова е вoведниот модел на Герне, но и тој без компромис и одлични перформанси од аспект на препознатливиот фит на италијанските „перформанс“ патики за планински велосипедизам - со нов модел на ѓон посветен на издржливост и „комфорна“ крутост!
За компанијата:
„Кој ќе ги носи нашите патики, треба да биде горд - затоа што нашето име значи квалитет без компромис“
Основанаа во 1962 година, од страна на Ернесто Гацола, Герне до ден-денес е пример за префинетост и за тоа што навистина значи тоа „Направено во Италија“!
Вештина на врвни мајстори, ригорозна селекција на материјали и бескомпромисност во квалитетот, иновација и дизајн на нови и оригинални решенија: ова е философијата на брендот кој низ својата историја ја има основата на континуиран моментум и иновација, а резултат пак на тоа е меѓународен успех на производите и италијанскиот стил!
За ѓонот:
MTB 2DENSITY SOLE 7.0
Најновиот производ од одделот за истражување и развој на Герне: сосема нов ѓон, специјално изработен за планински велосипедизам! Во него се инкорпорирани повеќе материјали, со кои се добива потребната издржливост, леснина и низок профил - потребни за што подобри перформанси, но секако и комфор! Плетката е дизајнирана да овозможи максимален грип/стабилност и има одлична издржливост на секаков тип на терен. Во предниот дел, под прстите, има можност да се постават два запци/крампони - кои дополнително доаѓаат добро кога теренот е со разнолик квалитет и влажност и при кал...
Индекс на крутост: 7
За влошката:
Во овој модел се користи анатомска, перфорирана влошка - за оптимален комфор и вентилација