Кошничката е празна!
Најпродавани

Gaerne G. Chrono Carbon 12.0

Gaerne G. Chrono Carbon 12.0
Gaerne G. Chrono Carbon 12.0 Gaerne G. Chrono Carbon 12.0 Gaerne G. Chrono Carbon 12.0
Бренд: Gaerne
Код на производот: gaerne
Достапност: 5
19,000ден.

Достапни опции


* EU број:

 
   - ИЛИ -   

Патики за друмски велосипедизам
Произведени во Италија - од Герне (Gaerne)

За компанијата:
„Кој ќе ги носи нашите патики, треба да биде горд - затоа што нашето име значи квалитет без компромис“
Основана во 1962 година, од страна на Ернесто Гацола, Герне до ден-денес е пример за префинетост и за тоа што навистина значи тоа „Направено во Италија“! 
Вештина на врвни мајстори, ригорозна селекција на материјали и бескомпромисност во квалитетот, иновација и дизајн на нови и оригинални решенија: ова е философијата на брендот кој низ својата историја ја има основата на континуиран моментум и иновација, а резултат пак на тоа е меѓународен успех на производите и италијанскиот стил!


За БОА системот во овој модел
Не секој систем на затенување со салја е ист! Всушност, разликите се големи!
БОА системот доаѓа со доживотна гаранција и е репер за тие кои го имитираат, но не го достигнуваат ;)
БОА системот во овој модел овозможува вртење на стегата во два правци: со вртење во еден правец, се затега патиката, а со вртење во обратен правец - се олабавува. Со тоа се овозможува супер прецизно подесување на затегнатоста при возење и многу лесно, брзо и едноставно.


За ѓонот:
GAERNE EPS LIGHTWEIGHT FULL CARBON SOLE 12.0
Ова е ултра лесен и ултре тенок карбонски ѓон, со оптимизирана плетка, која осигурува да секој ват моќност се пренесе на педалите! Стабилноста на стопалото е зголемена, благодарение на специјално изработената форма, а четирите отвори за вентилација, овозможуваат свежина внатре во патиката. Под петата, но и во предниот дел, поставени се посебни додатоци кои штитат од пролизгување. Додатокот по петата може да се менува откако ќе се истроши. Позицијата на клитот може да се менува за дополнителни 9мм од претходните решенија, а во тој дел од ѓонот, исцртана е и скала со мерки по кои може да се запомни позицијата на клитот при неговото поместување/подесување како и менување. 
Ова е ѓон со неверојатен индекс на крутост 12.


За влошката:
ЕПС Комфорт - анатомска влошка со изразена поддршка, за загарантиран комфор и ефикасност при педалирањето. Влошката е перфорирана, за оптимална микроклима во внатрешноста на патиките.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу: