Тендон Мастер Про 9.7/60
Овој модел е дел од серијата Мастер Про на чешката компанија Тендон, која е докажана по нејзината неверојатна издржливост!
Тендон во овие јажиња ја користи т.н. „СБС“ плетка, која гарантира супериорна отпорност од износување, со што се зголемува животниот век на јажето.
Овој модел е совршен избор за качувачи кои преферираат издржливост и долготрајност, наспроти мала тежина - како и качувачи кои бркајќи високи перформанси имаат интензивни тренинзи за своите проекти.
Спецификација
Должина (м) 60
Диаметар (мм) 9.7
Тежина (грам/метар) 65
Број на УИАА падови 9
Максимална ударна сила (kN) 8.4
Пролизгување на кошулица (%) -0.4
Статичко издолжување (%) 9.8
Динамичко издолжување (%) 30
Стандарди: CE 1019, EN 892
За СБС плетката
Ова е систем, со кој при плетењето на кошулицата, влакната влегуваат едно по едно во плетката, а не во парови. Со ова се обезбедува покомпактна кошулица, која пак истовремено е и со помазна површина.
Со тоа, јажињата кај кои се користи оваа плетка, генерираат помалку триење и се поотпорни од абење/износување при контакт со карпеста подлога.
Компактноста на кошулицата, ја намалува можноста на пенетрација на мали партикули помеѓу влакната, со што се намалува можноста за оштетување на внатрешната структура - како на кошилицата, така и на целата конструкција на јажето.
Друга погодност е тоа што овие јажиња со СБС плетка, се попријатни на допир, ракувањето со нив е полесно, јажето полесно поминува низ алатките за обезбедување , а исто така тие се и пофлексибилни.