За СБС плетката
Ова е систем, со кој при плетењето на кошулицата, влакната влегуваат едно по едно во плетката, а не во парови. Со ова се обезбедува покомпактна кошулица, која пак истовремено е и со помазна површина.
Со тоа, јажињата кај кои се користи оваа плетка, генерираат помалку триење и се поотпорни од абење/износување при контакт со карпеста подлога.
Компактноста на кошулицата, ја намалува можноста на пенетрација на мали партикули помеѓу влакната, со што се намалува можноста за оштетување на внатрешната структура - како на кошилицата, така и на целата конструкција на јажето.
Друга погодност е тоа што овие јажиња со СБС плетка, се попријатни на допир, ракувањето со нив е полесно, јажето полесно поминува низ алатките за обезбедување , а исто така тие се и пофлексибилни.
За Целосната заштита
Технологијата која се користи во овие јажиња, нуди највисоко ниво на заштита од вода и триење. Тоа се постигнува со употреба на нова „нанотехнологија“: ситни партикули на Тефлок Еко се нанесуваат како на кошулицата, така и на внатрешната плетка и при тоа се создава слој кој скоро и да не е можно да биде пробиен. Влакната на јажето се заштитуваат на тој начин, како од вода, така и од прашина/валканици, кои инаку би предизвикале штета на конструкцијата.
„Целосната заштита“ која ја користи Тендон е практично импрегнација, која го продолжува животниот век на јажето - во голема мера!
Сите јажиња на Тендон кои ја имаат оваа заштита, го исполнуваат стандардот УИАА 101 - за водоодбивност на јажиња.