Овој долен дрес за велосипедизам, е направен од едно парче материјал, со што е овозможено да се намали бројот на потребни сечења и кроења - за да има што помалку шевови, а се зачувува високото техничко ниво на моделот.
Материјалот кој се користи, овозможува компресивен фит, а е многу мек при контакт со кожата. Тој помага во задржување на телото да биде свежо и суво, а има и супериорна дишливост.
Ласерскиот крој дава многу чист лик на овој дрес, силиконизираниот раб дава добар грип околу нозете, а во задниот дел, поставен е и мал џеб.
На кратко околу спецификацијата:
Компресивниот Ликра Спорт материјал, дава оптимална поддршка на мускулите;
Сечењата на прерамките, ногавиците и други рабови се „ласерски чисти“, а шевовите се „мазни“ - за што поголем комфор и помалку триење на такви рабови со кожата;
Прерамките се од многу лесен, еластичен материјал;
Силиконизирани додатоци овозможуваат добар грип/фат при контакт со кожата кај бутните мускули, а рефлектирачки детали (логоа и додатоци) - ја подобруваат видливоста и безбедноста во сообраќајот при возењето.