Кошничката е празна!
Најпродавани

Elite Suito-T

Elite Suito-T
Бренд: Elite
Код на производот: Elite
Достапност: 3
38,800ден.
 
   - ИЛИ -   

Моќен, солиден и тивок - тој е интерактивен тренажер, дизајниран да ви понуди лесно, реалистично и прецизно тренажно искуство!

Ексклузивен дизајн
Моќната челична констркција е уште еден препознатлив дел од овој тренажње - таа овозможува стабилност и издржливост дури и при најинтензивните спринтови. Елегантен и агресивен, солиден и моќен, Суито има широка базна поддршка и е дизајниран „да се вкопа“ во место кога ќе се постави на земја. Од друга страна пак, неговиот дизајн гарантира компатибилност со широк спектар на модели на велосипеди и касети. Интегрираната рачка пак овозможува негово лесно маневрирање - кога треба да се спакува или транспортира...

Прецизен и моќен - недостижен за конкуренција од аспект на цена/перформанси
Суито симулира стрмнини до 15% и има +/-2.5% прецизност. Овие бројки го поставуваат помеѓу интерактивните тренажери со најдобри перформанси на Елит. Со повеќе од 1900 вати отпор при брзина од 40км/час, Суито исто така е и еден од најмоќните тренажери - идеална алатка за искористување на сета Ваша сила и при најсилните спринтеви.

Тренирајте на Звифт и Мој Е-Тренинг!
Благодарение на соработката помеѓу Елит и Звифт, секој нов сопственик на Суито, добива 1-месечна претплата на Звифт, како и 12-месечна претплата на Мој Е-Тренинг - достапни како апликации за десктоп или мобилни уреди. Суито е еден од тренажерите кои работат со ANT+™ FE-C & Bluetooth и со тоа може да комуницираат со секоја апликација, софтвер, компјутер или уред (телефон/таблет) со најразличен оперативен систем. Едноставно одберете го софтверот, одберете ја патеката или тренинг програмата и почнете да педалирате - Суито автоматски ќе го подеси отпорот.
Тренингот секако ќе можете да го менаџирате и преку други платформи како ТреинерРоад, Киномап, Роуви, Саферфест, Бајкево и многу други.

Каденца без сензори
Сите тренажери на Елит веднаш ги испраќаат податоците за моќ, брзина и каденца - станувајќи со тоа ефективни инструменти за градење на прецизна тренинг програма и реплицираат во одлична мера секаков тренинг што би го правеле надвор. Каденцата се мери без сензори (со тоа нема потреба од поставување на сензори на велосипедот) и се пресметува на Суито како функција од варијациите на брзината

Без касета
Моделот Суито-Т е сосема идентичен во својата спецификација како моделот Суито.
Единствената разлика е што Суито-Т, доаѓа без претходно вградена касета како што вообичаено доаѓаше Суитото. Тоа го прави да биде поевтин, но и Ви дава слобода да си ја купите соодветната касета која Ви е потребна од самиот почеток.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: elite, suito-t