Кошничката е празна!
Најпродавани

Elite Jet Olive 750ml

Elite Jet Olive 750ml
Бренд: Elite
Код на производот: Elite
Достапност: 30
500ден.
 
   - ИЛИ -   

Џет - нов модел од биоразградлива пластика, од италијанската компанија ЕЛИТ!
Во нашиот продажен центар, достапен во 2 димензии (550 и 750мл), а дополнително достапен е и модел со капаче од 550мл.

„Одговорна“ алтернатива за Вашата хидратација!

Креирањето на одржливи алтернативи на шишенца/бидони за велосипедизам, добива на се’ поголемо барање од корисниците, благодарение на зголемената свесност за улогата на употребената пластика и последиците врз животната средина.

Моделот Џет е одговор на овие барања, со намалено време на разложување од моментот кога ќе влезе во идустриските циклуси на преработка и е најиновативна алтернатива во споредба со традиционалните неразградливи пластични бидони.

Пластичниот материјал кој се користи при изработката на моделите Џет на Елит, се третира со специјални био адитиви кои овозможуваат микроорганизмите одговорни за биодеградација на материјалите, да ги нападнат полимерните ланци на пластиката. Овој процес во голема мера го намалува времето потребно за разградување на бидонот (3 месеци до 5 години). Ова е недостижно за нормалните пластички производи кои вообичаено се разградуваат за 100-1000 години.

Безбедно и без мирис

Како и со другите бидони на Елит, така и Џет е сертифицирано беа BPА (Bisphenol-A) и е целосно безбеден и соодветствува на најстрогите норми на ЕК, како и американската ФДА.
Гумираната млазница е направена од иновативен материјал - без мирис и вкус и е дизајнирана ефикасно да го одржува вкусот на течноста во бидонот, непроменет.


Безбедно е да се пере во машина за садови на температура до 75°C

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: elite, jet