Пумпа/адаптер за пумпање со ЦО2 боци кои се со навој.
Доаѓа во пакет со една боца од 16гр со навој.
Упатство:
Одвртете ја боцата за да го отстраните заштитниот прстен,
Навртете ја боцата колку што можете поцврсто на пумпата/адаптерот,
Свртете го тркалото, така што вентилот би бил во најгорната точка (на позиција како 12 часот),
Одвртете го врвот на Преста вентилот ако имате таков тип на вентил,
Поставете го отворот на пумпата/адаптерот на вентилот (отворот е универзален и одговара на секој тип на вентил),
Ослободете го воздухот, со буткање на навојниот дел нагоре,
Со движење нагоре и надоле на тој дел, го контролирате протокот на воздух во вентилот,
Кога гумата ќе биде напумпана, отстранете ја пумпата/адаптерот,
Внимавајте боцата целосно да биде испразнета пред да ја отстраните од пумпата/адаптерот.