Торба за на багажник за на велосипед
Волумен: 24Л
Водоотпорна торба, чиј отвор се затвора со мотање во ролна, со што може да се добие компактен волумен при секое затворање, согласно искористениот простор внатре.
Торбата доаѓа со праткична гуртна/прерамка, со која може да се носи на рамо, кога ќе се извади од багажникот - која прерамка пак, може лесно да се отстрани од торбата, за безбедност при возењето (за да не дојде до заплеткување во жиците).
Торбата има рефлектирачки елементи за подобрена видливост во сообраќајот.
За прицврстување на торбата на багажникот, се користи докажаниот QMR 2.0 систем, кој е многу лесен и интуитивен за користење, а кој исто така и може да се заклучи...
Торбата е изработена од материјал кој е обложен со полиуретан (ПУ), а не со штетниот ПВЦ, а исто така и водоотпорноста се постигнува со користење на еколошки методи...
Концепт, развој и производство - во Германија.