Zefal Adventure F2
Водоотпорна торбичка (IPX4 стандард) со едноставен и елегантен дизајн, која брзо ќе си го најде своето место на било кој тип на волан, благодарение на својот систем на врзување со две гуртни.
Торбичката се поставува многу сигурно и стои одлично и на многу нерамен терен. Таа e лесна, има капацитет од 2.5Л и е направена од материјал кој е отпорен на вода и триење. Предниот патент овозможува лесен пристап до нејзината содржина.
Тежина: 135гр
Волумен: 2.5Л
Димензии: 250х120х120мм
Материјал: Полиестер 600Д ТПУ, со водоодбивен патент
Материјалите кои се користат за гуртните за затегнување помагаат во минимизирање на триењето, но секако - ризикот од траги на рамот не може целосно да биде избегнат. За целосно избегнување на траги од триење, се препорачува претходна заштита со проѕирна фолија - како таа што често се користи за заштита на рамот од удари на ланецот.
Торбичката се препорачува да се пере рачно и да не се става во машина за перење.