ТПУ гумите на Континентал се од премиум класа - сите поединечно по производството поминуваат низ контролна на квалитет.
Лесна и издржлива, соодветна за друмско и гравел возење. Во нејзината изработка се користи највисока класа на микрометарски тенок ТПУ материјал, распределен во седум затворени слоеви, за максимизирана затвореност на тубата и нејзина издржливост. ТПУ гумите на Континентал не доаѓаат во некаква боја, со цел дополнително да се осигура највисок квлитет на материјалот и да се обезбеди заштита од пропуштање на воздух кој некогаш се случува поради незовршености на површината, предизвикани при фарбање...
Основата на вентилот има блага конусна форма, со цел да се подобри фитот во обрачот и да се намалат несакани движења. Вентилот пак е со внатрешен навој, со цел да се овозможи користење на продолжетоци или замена на јадрото...
Овој модел е соодветен за надворешни гуми со следни димензии:
25-32/622
Тежина: 35 грама
Забелешка:
- ТПУ гумите смеат да се користат само со диск кочници.
- При монтирањето, треба да се осигурате дека се користи соодветна трака за бандажот инаку може да дојде до уништување на ТПУ гумата.
- Кога ТПУ гумата не е поставена во надворешна гума, смее да се напумпа само до 0.3 бари. Повисок притисок може да доведе до неповратна деформација на ТПУ гумата и да ја направи бескорисна.