Кошничката е празна!
Најпродавани

Asolo Greenwood GV Lady

Asolo Greenwood GV Lady
Asolo Greenwood GV Lady Asolo Greenwood GV Lady Asolo Greenwood GV Lady Asolo Greenwood GV Lady
Бренд: Asolo
Код на производот: asolo
Достапност: 10
12,500ден.

Достапни опции


* UK Големини:

 
   - ИЛИ -   

Водоодбивната Первангер кожа од висока класа, нуди одлична заштита и комфор, а соодветно високата класа на ГорТекс водоотпорна мембрана пак - водоотпорност и дишливост.

Конструкцијата нуди пред се’ поддршка и стабилност, но секако тоа е надополнето и со комфор и „амортизација“ при стапнувањето. 
Ѓонот има „само-чистечки“ дизајн, а во себе ја содржи и МегаГрип компонентата, која пак овозможува неверојатен грип, стабилност и перформанси, како на влажен, така и на сув терен. 
Во предниот дел, околу и над прстите, поставена е гумена заштита над кожата, а системот на врзување кој се користи во овој модел - овозможува многу лесно и брзо затегнување и подесување...

Спецификација:

Материјал: водоодбивна Первангер кожа 2,2-2,4мм
Мембрана: Gore-Tex Performance Comfort Footwear
Основа: Asoflex 00 MR
Анатомска влошка: Lite 2
Ѓон: Asolo/Vibram Duo Radiant со користење на MegaGrip технологија
Тежина: 670 грама за чевла со големина 42


За компанијата:

Наш избор во колку што повеќе можеме сегменти, е да понудиме производи, кои потекнуваат од компанија која специјализирала во тоа поле. Компанија која целосно се вложила, да во тоа што го работи - навистина понуди највисок квалитет и перформанси.

Во сегментот за чевли за планинарење успеавме во оваа наша заложба и изборот го направивме на италијанската АСОЛО. Малку за историјата на оваа компанија.

Асоло е основана во 1975 година, од страна на Џанкарло Танци и своето име го добива по истоимениот град во северо-истокот на Италија, кој се наоѓа во близината на Венеција - каде што првично таа и е основана.

Асоло од секогаш била компанија - пионер во иновацијата. Пар примери:
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која е комбинација на кожа и текстил (Кордура во случајот)
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која користи ГорТекс мембрана.
Овие две иновации не само што го сменија пазарот - ја сменија воопшто индустријата за производство на чевли за планинарење!

Во 1998 година, водењето на компанијата ја превзема семејството Заната - кое пак има семејна традиција во чевларството од 1946 година. Асоло денес ја води 4тата генерација од ова семејство по нивното превземање на Асоло - подеднакво посветено во пронаоѓањето на совршениот микс на традиција, квалитет и иновација.

Чест е да се биде дел од нивната работа!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: asolo, greenwood