Кошничката е празна!
Најпродавани

Asolo Freney XT GV

Asolo Freney XT GV
Asolo Freney XT GV Asolo Freney XT GV Asolo Freney XT GV Asolo Freney XT GV Asolo Freney XT GV
Бренд: Asolo
Код на производот: asolo
Достапност: 15
21,500ден.

Достапни опции


* UK Големини:

 
   - ИЛИ -   

Планинарски чевли со можност за поставување полуавтоматски дерези: за техничко планинарење, алпинизам, качување на мраз...

Мала тежина и перформанси - ова се клучните карактеристики на овој модел на Асоло.
Шелер К-Тек материјалот и подесувачкиот јазик од микрофибер се клучот за малата тежина, но и токму тие кои овозможуваат комфор и прецизен и подеслив фит.

ГорТекс Инсулејтед Комфор мембраната гарантира термо изолација, водоотпорност и дишливост, додека пак подлогата под стопалото, има микропорозна конструкција со двојна густина и тоа овозможува стабилност, поддршка, но и комфор и „амортизација“, како и можност за поставување на полуавтоматски дерези во делот кај петата благодарение на ТПУ вметоците. 

Вибрам 1229 Мулаз ѓонот гарантира грип и прецизност! Секако, кај модели од оваа класа, во целиот круг околу стопалото има и странична, дополнителна гумена заштита...

Спецификација:

Материјал: Шелер К-Тек Микротек 
Мембрана: Gore-Tex Insulated Comfort Footwear
Основа: Duo Asoflex Ascent - Carbon
Анатомска влошка: Lite 3
Ѓон: Vibram 1229 Mulaz + микропорозен материјал со двојна густина + TPU за полуавтоматски дерези
Тежина: 640 грама за чевла со големина 42

За компанијата:

Наш избор во колку што повеќе можеме сегменти, е да понудиме производи, кои потекнуваат од компанија која специјализирала во тоа поле. Компанија која целосно се вложила, да во тоа што го работи - навистина понуди највисок квалитет и перформанси.

Во сегментот за чевли за планинарење успеавме во оваа наша заложба и изборот го направивме на италијанската АСОЛО. Малку за историјата на оваа компанија.

Асоло е основана во 1975 година, од страна на Џанкарло Танци и своето име го добива по истоимениот град во северо-истокот на Италија, кој се наоѓа во близината на Венеција - каде што првично таа и е основана.

Асоло од секогаш била компанија - пионер во иновацијата. Пар примери:
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која е комбинација на кожа и текстил (Кордура во случајот)
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која користи ГорТекс мембрана.
Овие две иновации не само што го сменија пазарот - ја сменија воопшто индустријата за производство на чевли за планинарење!

Во 1998 година, водењето на компанијата ја превзема семејството Заната - кое пак има семејна традиција во чевларството од 1946 година. Асоло денес ја води 4тата генерација од ова семејство по нивното превземање на Асоло - подеднакво посветено во пронаоѓањето на совршениот микс на традиција, квалитет и иновација.

Чест е да се биде дел од нивната работа!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: asolo, freney