Најновата верзија на моделот на ранец за скијање:
Black Diamond Dawn Patrol
Ова е модел на ранец кон кој Блек Дајмонд влегува со посебна пасија при неговото дизајнирање. Модел кој е поврзан со нивната авантуристичката пасија, на заминување на скијање во текот на раните утрински часови (комбинација од турни скијање и фрирајд) - за да можат исполнети да си дојдат на работа. Од таму и името „Патрола во зора“ на овој модел.
Ранецот со својот волумен од 25Л е доволно голем да собере храна, вода, дополнителен слој на облека, опрема - доволни и за пократки авантури и надвор од ски-патеките.
Тој ги има сите основни потребштини за да ги задоволи навистина посветените скијачи: лесене , изработен од рецликлиран материјал, има џеб за сет на опрема за лавинска безбедност (лопада, сонда), џеб на прерамките кој е со термо-изолација - наменет да собере шише со течност за рехидратиација или радио станица, џеб во гуртните околу половината за поставување на крзната за скијање на пример - кога би почнале со спустот, надворешни системи за врзување на скии, борд, шлем, цепин...
Секако - овој ранец има и одличен фит, кој ги следи контурите на вашето тело, а од задната страна, таа која доаѓа во допир со грбот има и патент за отворање на ранецот - за да може на пример во некои ситуации, да го симнете ранецот на снегот со надворешната страна, а таа која доаѓа во контакт со грбот, да остане сува.
Тежина: 1.16кг
Материјали: Рециклиран 840D полиестер и 210D рипстоп најлон