Tendon Master 7.8/60 CS
Кошничката е празна!
Најпродавани

Tendon Master 7.8/60 CS

Tendon Master 7.8/60 CS
Бренд: Tendon
Код на производот: tendon
Достапност: 2
8,500ден.
 
   - ИЛИ -   

Тендон Мастер 7.8/60 CS

Лесно јаже од висока класа, за секој кој се чувствува како дома - во силен планински амбиент! Целосната заштита овозможува долг животен век, штитејќи ја целата конструкција на јажето (јадро и кошулица), како од вода, така и од прашина/валканици. Ова јаже е сертифицирано како близнак и двојно јаже.
 
Спецификација
Диаметар (мм) 7.8
Тежина (грам/метар) 38
Број на УИАА падови 16(близнак), 5(двојно)
Максимална ударна сила (kN) 78.5(близнак), 5.7(двојно)
Пролизгување на кошулица (%) 0
Статичко издолжување (%) 8(близнак), 10.5(двојно)
Динамичко издолжување (%) 35(близнак), 38(двојно)
Стандарди: CE 1019, EN 892
 
За ТеФИКС технологијата
ТеФИКС патентираната технологија овозможува постојана врска помеѓу јадрото и кошулицата, што штити од пролизгување помеѓу овие два основни дела на јажето.
Таа врска всушност се постигнува со додавање на специјален материјал помеѓу јадрото и кошулицата. Овој момент овозможува и многу подолг животен век, како и подобро ракување.
 
За СБС плетката
Ова е систем, со кој при плетењето на кошулицата, влакната влегуваат едно по едно во плетката, а не во парови. Со ова се обезбедува покомпактна кошулица, која пак истовремено е и со помазна површина. 
Со тоа, јажињата кај кои се користи оваа плетка, генерираат помалку триење и се поотпорни од абење/износување при контакт со карпеста подлога. 
Компактноста на кошулицата, ја намалува можноста на пенетрација на мали партикули помеѓу влакната, со што се намалува можноста за оштетување на внатрешната структура - како на кошилицата, така и на целата конструкција на јажето. 
Друга погодност е тоа што овие јажиња со СБС плетка, се попријатни на допир, ракувањето со нив е полесно, јажето полесно поминува низ алатките за обезбедување , а исто така тие се и пофлексибилни.
 
За Целосната заштита
Технологијата која се користи во овие јажиња, нуди највисоко ниво на заштита од вода и триење. Тоа се постигнува со употреба на нова „нанотехнологија“: ситни партикули на Тефлок Еко се нанесуваат како на кошулицата, така и на внатрешната плетка и при тоа се создава слој кој скоро и да не е можно да биде пробиен. Влакната на јажето се заштитуваат на тој начин, како од вода, така и од прашина/валканици, кои инаку би предизвикале штета на конструкцијата. 
„Целосната заштита“ која ја користи Тендон е практично импрегнација, која го продолжува животниот век на јажето - во голема мера! 
Сите јажиња на Тендон кои ја имаат оваа заштита, го исполнуваат стандардот УИАА 101 - за водоодбивност на јажиња.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: tendon, master, tefix