Rock Empire PIP red
Кошничката е празна!
Најпродавани

Rock Empire PIP red

Rock Empire PIP red
Rock Empire PIP red Rock Empire PIP red
Бренд: Rock Empire
Код на производот: rock empire
Достапност:Производот моментално го нема на залиха
0ден.

PIP е подесувачко јаже за користење на сидришта. Тоа е со дебелина од 8мм, динамично е и може да апсорбира и сила во случај на пад.

Опсегот на подесување на должината (Вашето растојание од сидришната точка) е од 15 до 85 сантиметри, а подесувањето на саканата/потребната должина е многу лесно и брзо!

Металниот дел во системот е направен од нерѓосувачки челик. Со прусиков систем, ПИП-от се врзува за гуртната за обезбедување на појасот, а потоа подесувањето на должината до сидришната точка се прави многу лесно со повлекување на слободниот крај на јажето. Ослободувањето т.е. зголемувањето на таа должина се прави со едноставно кревање на лостчето на челичниот дел.

Овој модел не доаѓа со вклучен карабинер.
Сепак - тој е компатибилен со сите типови и големини на карабинери со матица, а во делот каде што се прикопчува карабинерот, поставен е и гумиран прстен, со што карабинерот останува во посакуваната позиција.

Тежина: 120гр.

ПИП не е наменет за користење на виа ферати.

За Рок Емпаер

Компанија која е синоним за врвна опрема за качување и висинска работа - со седиште во Чешка.
Конкретно, нивна специјалност се шиените производи: појаси, гуртни, јажиња и сл. - кои се развиваат, произведуваат и тестираат во нивната фабрика во градот Дечин, на северот на Чешка, близу границата со Германија.

Нивните вработени се пасионирани вљубеници во планинските спортови, а посебно во качувањето, што не е чудно со оглед на тоа што нивниот крај е полн со познатите песочници, кои имаат и интересна приказна и во кои се практикува уникатна етика...

Докажан партнер во сериозни искачувања на планински спортисти во повеќе од 50 земји во светот, а од 2012 година - наш партнер и во Македонија!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: rock empire, pip