Осмица
Традиционална алатка за обезбедување и абзелување, со голема издржливост и идеална форма и големина за работа со едно или две јажиња.
Идеална за работа со јажиња: 9-11мм
Сила: 35kN
Тежина: 104гр
За Рок Емпаер
Компанија која е синоним за врвна опрема за качување и висинска работа - со седиште во Чешка.
Конкретно, нивна специјалност се шиените производи: појаси, гуртни, јажиња и сл. - кои се развиваат, произведуваат и тестираат во нивната фабрика во градот Дечин, на северот на Чешка, близу границата со Германија.
Нивните вработени се пасионирани вљубеници во планинските спортови, а посебно во качувањето, што не е чудно со оглед на тоа што нивниот крај е полн со познатите песочници, кои имаат и интересна приказна и во кои се практикува уникатна етика...
Докажан партнер во сериозни искачувања на планински спортисти во повеќе од 50 земји во светот, а од 2012 година - наш партнер и во Македонија!