Кошничката е празна!
Julbo Shield - Вашиот партнер во височините
Модел со стилска рамка за вљубениците во качувањето, трчањето или возењето во планините - со цел да ги отслика нивниот авантуристички дух и техничка подготвеност.
Широко поле на прегледност, рамки кои се дизајнирани и конструирани да не се лизгаат надолу по носот/лицето, проток на воздух, странични штитници кои можете да ги отстранувате/додавате по потреба - и голема заштита: со Спектрон 4 леќа на Жулбо!
Тоа е поликарбонатна леќа со антирефлектирачки слој на нејзе - го подобрува визуелниот комфор со елиминација на непосакуваните рефлексии. Се препорачува за спортови во кои постои експонираност на силна светлина со дополнителна рефлексија.