Сите одлично функционални системи, пред се' - имаат добра основа!
Ова е причината зошто дизајнирањето и конструирањето на основен слој во својот систем на облека, американската компанија Блек Дајмонд, го зема многу сериозно.
Решение: моделот Солушн 150.
Овој модел го користи иновативниот и патентиран материјал на NuYarn - растеглива мерино волна, која е посилна, потопла и се суши побрзо од другите мерино волни, користејќи технологија на омотување на најлонска база со екстра-фино мерино влакно. Оваа технологија овозможува супериорна терморегулација и менаџирање на влага/пот, на што се надополнува и природната отпорност кон бактерии и мириси, што ги прави овие модели одличен избор за комфор при директен контакт со кожата, при активности со силен интензитет во планините.
Материјали: 78% Мерино волна, 22% полиестер
Тежина: 130 грама