Black Diamond Vision Hybrid Hoody
Кошничката е празна!
Најпродавани

Black Diamond Vision Hybrid Hoody

Black Diamond Vision Hybrid Hoody
Black Diamond Vision Hybrid Hoody Black Diamond Vision Hybrid Hoody Black Diamond Vision Hybrid Hoody Black Diamond Vision Hybrid Hoody
Бренд: Black Diamond
Код на производот: black diamond
Достапност: 2
16,900ден.

Достапни опции


* Големина:

 
   - ИЛИ -   

Од алпинистички искачувања, до диви планински падини, оваа јакна ја комбинира иновативната Прималофт Крос Кор изолација со ултраиздржливиот јапонски материјал засилен со LCP (течни кристални полимери). Ова е јакна која е анатомски обликувана - за оптимална дишливост и мобилност при движење во планините!

Вижн хибрид јакната на Блек Дајмонд е оптимизирана за слободно движење во планина и претставува активен изолациски слој, кој дише и се движи со Вас - истовремено задржувајќи ја топлината.

Со јапонска „рипстоп“ ткаенина, засилена со течни кристални полимерни (LCP) влакна - на деловите изложени на абразија, оваа јакна е исклучително издржлива, додека анатомската конструкција обезбедува дишливост и еластичност во пределот под пазувите и на задниот дел.

60-грамската Прималофт Голд изолација со КросКор технологија, содржи „аерогел“ материјал развиен од НАСА, кој се користи во вселенски одела и овозможува исклучителна топлина со минимална тежина – најдобар однос топлина/тежина во индустријата.

Две странични џебови со патент - компатибилни со појас за качување; десен џеб за складирање, и џеб на градите со патент овозможуваат практично чување на неопходни предмети за време на авантурата. Внатрешниот џеб со отворен пристап служи како топло засолниште за ракавици или капа.

Интегрираната еластична лента на долниот раб и еластичните манжетни спречуваат влегување на студен воздух, додека капуљачата компатибилна со кацига - обезбедува дополнителна заштита од ветер и снег.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: black diamond, vision hybrid