K2 Mindbender 120
Кошничката е празна!
Најпродавани

K2 Mindbender 120

K2 Mindbender 120
K2 Mindbender 120 K2 Mindbender 120 K2 Mindbender 120 K2 Mindbender 120
Бренд: K2.
Код на производот: k2
Достапност: 10
33,800ден.

Достапни опции


* Mondo големини:

 
   - ИЛИ -   

За тие кои сакаат највисока класа!
Сестран „перформанс“ модел на ски-чевла од американската компанија К2!

Со 120-ка флекс, тек вметоци и мод за пешачење со 50-степенски опсег на движење, Мајндбендер 120 е модел кој ветува сериозни перформанси како за одлична контрола на стрмен терен, така и за комфорно движење нагоре низ длабок снег. 
„Precisionfit Pro Tour“ влошките и „Powerlite“ конструкцијата која може топлински да се оформува согласно Вашето стопало - овозможуваат целодневен комфор, независно дали во моментот се забавувате во ски центарот или пак искачувате планински врвови - далеку од центарот.

Посебно подготвени за: Freeride, All Mountain
Ширина на чевлата: 98мм
Тежина: 1,67кг за големина 26.5

„POWERLOCK SPYNE“ - систем за менување на мод
Издржлив, прецизен и интуитивен. Овој механизам за менување на мод од скијање во пешачење и обратно, овозможува 50-степенски опсег на движење при пешачење, без при тоа да ја компромитира моќната врска на чевлата кога е потребно и да се скија надолу! Механизмот овозможува фина подесливост и избор за степенот за навалување нанапред помеѓу 10-17°

„POWERLITE SHELL“ - конструкција на чевлата
Во конструкцијата се користи ТПУ со 4 различни нивоа на крутост, за оптимална дебелина на ѕидот на чевлата, а за најдобри перформанси и што помала тежина! Ова е целосно нова конструкција и со тоа е добиена една од најлесните ски чевли за алпско и фрирајд скијање, но без губење на моќта и движењето кое го имаат потешките модели. 

Мајндбендер е серија која станува нов репер во тоа што значи ски-чевла со високи перформанси!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: k2, mindbender