Кошничката е празна!
Најпродавани

Ferrino Triolet 32+5

Ferrino Triolet 32+5
Ferrino Triolet 32+5 Ferrino Triolet 32+5
Бренд: Ferrino
Код на производот: ferrino
Достапност:Производот моментално го нема на залиха
7,500ден.

Овој производ ќе биде достапен од септември.
Резервации со промотивен попуст од 20%: info@outdoor.mk


Ферино Триоле 32+5 е идеален ранец за планински авантури во текот на целата година, комплетиран со многу аксесоари!
​Триоле серијата на ранци, Ферино ги снабдува на ЕНСА, Националното училиште за скијање и алпинизам во Шамони, Франција.

Материјал: Diamond Dobby 300D
Грб: “Hollow Back System” - многу дишлива позадина, прерамки и гуртна за затегнување околу половината, со специјално оформена подлога со канали за вентилација и мрежест материјал. Грбот е поддржан со полиетиленски панели, кои се поставени за подобра дистрибуција на тежината и стабилност при носењето, а по потреба може и да се отстранат од ранецот.
Џебови: Неколку опции - безбедносен во внатрешноста, на гуртната околу половината, двојни во капата, внатрешни за опрема за лавинска безбеност...
Аксесоари: Поставената гуртна за затегнување околу половината по потреба може да се отстрани, што е корисно можеби како лична преференца, при користење на појас за качување; Капата може исто така по потреба да се отстрани - за супер лесно, брзо движење и качување; Два држачи за цепини; Странично поставување на скии; Гуртни за затегнување на ранецот - од страна и во предниот дел, за покомпактен волумен; Пристап до цела содржина на ранецот, од предната страна; Компатибилност со систем/резервоар за хидратација; СОС инструкции итн...

Ферино: повеќе од 150 години истражувања на природата!

**1870 година
Се’ започнува во една продавница за бои, во Торино. Чезаре Ферино, добива револуционерна идеја да најде начин да направи разни материјали да станат водоотпорни. Тоа беше моментален успех - низ цела Италија;
**1890 година
Од материјали - до првите шатори, со кои се снабдуваа и првите истражувачи и алпинисти, но и други клиенти, вклучувајќи го овде и новооформираниот Фиат;
**1910 година
Легендарен период за алпинизмот! Технологијата и истражувањата, прават Ферино да биде клучен дел од тие големи потфати. Создаден е шаторот „Червино“: првиот шатор
во масовно производство на Ферино;
**1937 година
Шаторот „Негели“ станува нов легендарен дел од опремата: мисионерот, географ и истражувач, Алберто Мариа Де Агостини, го користи за време на неговите експедиции во Патагонија и Тиера дел Фуего;
**1940 година
Ферино продолжува интензивно да работи на нови технологии: создаден е шатор, кој во својата конструкција користи т.н. Триплекс материјал, кој е издржлив на било каков ветер и екстремно лоши временски услови;
**1973 година
Ферино продолжува да работи со луѓе кои учествуваат во силни експедиции: создаден е изотермичниот „Авган“ шатор, кој тежи само 7.4кг. Во следните години пак, создаден е „Трекинг“ шаторот, кој има форма на купола;
**1986 година
Рајнолд Меснер стана првиот човек кој се искачил на сите планини повисоки од 8000 метри. Ферино учествуваше во подготовките на овие експедиции, снабдувајќи го Меснер со најдоброто од шаторите во тој момент - инвестирајќи во истражување и развој, станувајќи првиот бренд кој се искачил на 14те врва над 8000м.
Големи истражувачи и Ферино: секогаш успешна формула!
**1994 година
„High Lab“ (Висока лабораторија) е поставена покрај Квинтино Села домот на Монте Роса: за тестирање на нови матерјали и прототипови. Одлична тест локација за користење на производите во било какви услови - секако пред се’, екстремни
услови;
**1997 година
Борге Аусланд го поминува Антарктикот со скии. Во преживувањето низ тоа белило, со должина од 2854 километри, му помага шаторот на Ферино - „Ултима“;
**1998 година
Карла Пероти успева да преживее 24 дена во кинеската пустина Таклимакан, благодарение исто така на „Ултима“;
**2002 година
Ферино го создава „МЛХ Еволушн“ шаторот, за Мајк Хорн, тестирајќи го во воздушните тунели на Мерцедес. Мајк прв пат го користи овој шатор при самостојното поминување на Антарктикот: 20000 километри во 20 месеци, со
температури помеѓу -15 и -70 степени Целзиусови;
**2004 година
Експедиција во чест на 50-годишнината од искачувањето на К2 од страна на Италијанците: Ферино беше технички спонзор;
**2006 година
-Пештерата на кристалите, Мексико: Ферино, заедно со Ла Вента, беа дел од Наика проектот, кој значеше 3-годишно истражување во тешка атмосфера поради високите
температури и влажност. Беше создадено оделото „Толомеа“, кое им овозможуваше на истражувачите да поминат и до 80 минути во простор, каде обичен човек не може да издржи да престојува ни само неколку минути. Токму соработката со Ла Вента ќе биде инспирација за Ферино да понуди поширок спектар на облека за планински спортови;
-Ферино го основа High Lab Pro тимот: најдобрите планински професионалци, алпски водичи и планински спасители, кои работат заедно со компанијата и помагаат преку свои тестови да ги подобрат производите заедно со тимот на High Lab;
**2008 година
Ферино ја купува компанијата Балдас - компанија која своето производство на висококвалитетни дрезги го одржува 100% во Италија;
**2013 година
Ферино започнува со колекција на облека за качување и болдеринг! Rock Slave е нејзиното име и таа е започната како соработка помеѓу Марцио Нарди и Ферино: висококвалитетни производи со одличен стил;
**2014 година
Full Safe: првиот ранец за лавинска безбедност на пазарот, кој во себе има комбинација на неколку системи за безбедност: респиратор, воздушно перниче и Реко рефлектор. Ова е производ кој Ферино го развива заедно со планинската медицинска клиника во Аоста и италијанскиот национален алпски спасителен тим...

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: ferrino, triolet