Овој модел ќе биде достапен од средината на март.
Резервирајте по одлична цена: info@outdoor.mk
FURY е модел кој со својот забележителен и радикален стил, широки цилиндрични леќи и совршена вентилација - е направен за брзина! Лесни и дизајнирани да имаат добар фит под било кој шлем, ова е модел кој нуди грип со врвен квалитет. Острите линии совршено одговараат на последните трендови во велосипедизмот и ги истакнуваат технолошките квалитети и перформанси на овие очила. Леќата нуди совршено чист поглед и заштита.
Клучен детал за овој модел:
Овој модел доаѓа со „Реактив“ леќа на Жулбо, која во зависност од надворешната светлина се осветлува или затемнува самата, овозможувајќи оптимална заштита. Овој пар наочари може да се користи и при послаба светлина (леќата кај нив станува и целосно проѕирна), на пример за заштита од инсекти при возење велосипед или трчање, но исто така и во сред ден, дури и при најсилно сончев ден!
Ниво на заштита/затемнување: 0-3
Други детали:
- Флексибилен, шок-апсорбирачки вметок во делот над носот
- Еластомерските вметоци на страничните краеви го прават овој модел полесен и покомфорен,
- Целосна вентилација: структурата на очилата е со голема можност за вентилација, со што се овозможува целосна циркулација на воздухот и се спречува замаглување,
- Во страничниот дел од рамката се користи ексклузивен мек/комфорен материјал, кој не се закачува/лепи на косата, а нуди совршен грип и комфор,
- Панорамски поглед: широката површина на леќата овозможува максимална прегледност во сите правци,
- Целосна покриеност: максимална заштита од Сонцето во екстремни услови.