Камино е модел за широк спектар на планински и други активни спортови - многу лесни очила кои ќе Ви помогнат во целта да одите полесно и подалеку!
Со ергономски профил, со одличен грип на лицето и околу главата, овој модел доаѓа со странични штитници од дополнителна странична рефлексија/зрачење, кои ако условите тоа не го бараат - можат да се отстранат и очилата со тоа стануваат уште покомпактни и ненаметливи и можат да се користат во разно-разни секојдневни активности, каде сакате заштитата од Сонцето секако да биде на докажано високо ниво!
Доаѓаат во комплет со подесувачки врвки од моделот Експлорер.
Овој модел на Камино е со леќа со ниво на заштита 3 - но исто така и поларизирана!
Поларизираните леќи особено се препорачуваат за активности кои се одвиваат во средини каде покрај силна сончева светлина, исто така има и изразена рефлексија - покрај или на вода, снег...
Таа „пропушта“ малку повеќе светлина низ нејзе во споредба со Спектрон 4 леќата, но со тоа нуди и уште поголема „универзалност“ - може да се користи за поширок спектар на спортови, каде што не е потребно толку затемнување.