Кошничката е празна!
Најпродавани

Слободата како уметност

Слободата како уметност
Бренд: Eho MFF
Код на производот: eho
Достапност: 26
600ден.
 
   - ИЛИ -   

„Слободата како уметност - Животот и искачувањата на Војтек Куртика“ - Бернадет Мекдоналд

Од издвачот
Книга од канадската авторка Бернадет Мекдоналд, посветена на еден од најголемите полски и светски алпинисти на сите времиња: Војтек Куртика!
Студиозноста на Бернадет не’ почестува со длабока и трогателна биографија за еден од најпочитуваните, комплексни и осамени алпинисти во меѓународната качувачка сцена!

Роден во 1947 година, Војтек Куртика беше еден од главните ѕвезди во златното доба на полскиот хималаизам. Неговиот визионерски пристап кон качувањето, резултираше со многу прочуени искачувања, меѓу кои и целосната пречка на Броуд Пик, „голото, ноќно“ брзинско качување на Чо Оју и Шишапангма, а пред се’ и искачувањето во алпски стил на Гашербрум 4. Ова искачување, именувано уште и како „искачување на векот“, до 2017 година, никој го нема повторено. Негови најчесто партнери беа легендите на алпинизмот во тоа време: полскиот хималајски качувач Јержи Кукучка, швајцарскиот водич Ерхард Лоретан и британскиот алпинист Алекс Мекинтаер.

По неколку одбивања да ја прими наградата „Златен цепин за животно дело“ (нешто како „Оскар“ во светот на алпинизмот), Куртика, сепак го прифати ова признание во пролетта 2016 година. Посветено, повлечена личност, тој има одбиено безброј покани за интервјуа, предавања и присуства на фестивали, но сепак прифаќа да соработува со светски познатата и наградувана авторка Бернадет Мекдоналд од Канада, за подготување на негова долгоочекувана биографија.

Оваа книга со сигурност е едно од најголемите случувања во светот на алпинизмот и ќе им се допадне на сите читатели кои сонуваат по планински пејзажи и кои тежнеат да го допрат небото

„Слободата како уметност“ ја истражува фантастичната комплексност на Војтек Куртика, алпинист што беше воден од естетиката и стилот, кон реализацијата на некои од најзабележителните искачувања. – Сер Крис Бонингтон, алпинист и автор на „Одбрав да качувам“;
Нема да претерам ако кажам дека оваа книга на Бернадет Мекдоналд е една од најентузијастично очекуваните книги за алпинизам оваа деценија. Дело на еден од најпочитуваните писатели во овој жанр, за една од најголемите качувачки легенди. – Кејти Ајвс, главен уредник на списанието „Алпинист“...

И многу други видни членови на заедницата – со суперлативи за авторот за нејзината посветеност и умешност да ни го приближи мистичниот Војтек и да ни претстави детали од неговите искачувања кои го одведоа хималаизмот во нови височини!

Оваа книга е резултат на поддршката која нашиот фестивал ја добива од Амбасадата на Р. Полска и нашата благодарност е огромна! Амбасадата повеќе години допринесува со страшно богат дел во програмата на нашиот фестивал – овој пат со книга, што за нас е многу важно, бидејќи тоа е нешто што ќе остави трага долгорочно после фестивалските денови, но и книга која по својата содржина е ненадоместлив бисер посветен на сржта на алпинизмот.

Игор Талевски
ЕХО - Фестивал на планински филм

*****

Бернадет Мекдоналд креирала ремек-дело со оваа биографија за импресивниот и загадочен гениј во алпинизмот каков што е Војтек Куртика – Дејвид Робертс, автор на наградувани книги за алпинизам.

Војтек Куртика е легенда... Овде првпат имаме целосен пристап до неговите непријатности и сеќавања. Апсолутно, скапоцен камен од книга – Стив Хаус, автор на „Отаде планината“

Нема да претерам ако кажам дека оваа книга на Бернадет Мекдоналд е една од најентузијастично очекуваните книги за алпинизам оваа деценија. Дело на еден од најпочитуваните писатели во овој жанр, за една од најголемите качувачки легенди. – Кејти Ајвс, главен уредник на списанието „Алпинист“

Прекрасно чудна, силна, поетична во срцето и преполна со љубопитност, „Слободата како уметност“ го претставува големиот, но и интензивно осамен полски алпинист, Војтек Куртика. – Џеф Лонг, наградуван автор на книгата „Симнувањето“

„Слободата како уметност“ ја истражува фантастичната комплексност на Војтек Куртика, алпинист што беше воден од естетиката и стилот, кон реализацијата на некои од најзабележителните искачувања. – Сер Крис Бонингтон, алпинист и автор на „Одбрав да качувам“

Независно од вашето ниво, од викенд алпинист до уметник во страдањето, има нешто што ќе резонира со тоа да се биде човек, со живеењето со своите идеали и уживањето на животот во неговата најчиста форма. – Конрад Анкер, алпинист

Со прецизност на музичар и со чувствителност на писател, Бернадет Мекдоналд го открива митот за големиот Војтек. – Силво Каро, алпинист

Војтек нѐ научи дека стилот со кој се качуваш на некоја планина е тоа што е најважно, а врвот едноставно е само попатна станица. – Грег Чајлд, алпинист

Качувачките легенди не можат да бидат полегендарни од Војтек Куртика, а ниту нивните биографи погрижливи, постилски и поинформирани од Бернадет Мекдоналд. Ова е досега нејзина најдобра книга... – Џим Перин, наградуван автор на книгата „Шиптон и Тилман“

За ова издание:
мека корица
316 страници
23х15цм

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу: