BCA Tracker 4
Кошничката е празна!
Најпродавани

BCA Tracker 4

BCA Tracker 4
Бренд: BCA
Код на производот: bca
Достапност:Производот моментално го нема на залиха
21,500ден.

Овој производ ќе биде достапен од почетокот на декември.
Резервации: info@outdoor.mk

„Трекер“ пребарувачите/трансиверите на американската компанија БЦА (BCA-BackCountryAccess), од самиот почеток се најбрзите и наједноставните вакви уреди за користење. Трекер 4 е нивниот најнов модел и корисничкото искуство го носи на уште едно, ново - повисоко ниво. Куќиштето на уредот е со гумирана заштита, ЛЕД дисплејот е поголем - а секако, најважното, докажаниот интерфејс на Трекерот е ист и тоа во основа гарантира лесно и брзо пронаоѓање на Вашиот партнер во снежната авантура. Интерфејсот ито така овозможува уште подобро и побрзо снаоѓање при ситуација на повеќе затрупани лица во лавина, сензорот за движење овозможува автоматско преминување од една во друга програма (од програма на пребарување во програма на оддавање сигнал), можност за апдејтување на софтверот...

Тежина: 215 грама со батерии
Димензии: 12цм Х 7.5цм Х 2.6цм
Фреквенција: 457 kHz
Батерии: 3 ААА алкални батерии
(најмалку 1 час работа во програма на пребарување по 200 часа работа во програма на оддавање сигнал. Околу 250 часа само во програм на оддавање или 50 часа во програм на пребарување)
Макс опсег: 55 метри
Тежина на појасот: 120 грама
Гаранција: 5 години

За производителот

Backcouyntry Access (BCA) е американска компанија со седиште во Болдер, Колорадо - лидер во сегментот за опрема за безбедност во снег. Тоа е компанија со најголема доверба во опремата за лавинска безбедност уште од самите почетоци, кога на пазарот и на потрошувачите им го претставија првиот дигитален пребарувач „Трекер“, со кој поради неговиот едноставен начин на користење, во огромна мера се поедностави и забрза пребарувањето во лавина.

БЦА на вљубениците во снежни спортови им нуди производи кои имаат секогаш најдобар однос на квалитет и цена - независно дали се работи за пребарувачите, популарно познати како Трекери, независно дали се работи за ранци со воздушни перничиња, популарно познати како Флоат, независно дали се работи за лопати, сонди, системи за комуникација, опрема за евалуација на снежните слоеви итн итн.
Тие не се само обични продавачи. Сите вработени во БЦА се супер пасионирани вљубеници во снежните спортови и тие покрај производот нудат и многу едукативни елементи - дали е тоа упатство, едноставно разбирливо видео итн.

Во Македонија

Покрај многуте индивидуалци кај нас, кои инвестирале во сопствена опрема за лавинска безбедност - свесни дека со тоа додаваат само на квалитетот во своето уживање по падините, наши клиенти се и многу професионалци - водичи и спасители, кои многу јасно го разбираат проблемот со лавинска безбедност и сакаат да имаат врвна опрема за такви ситуации, за безбедноста на членовите во тимот и за безбедноста на своите клиенти!

Би споменале дел од нив:
Планинска спасителна служба при Црвен Крст од Охрид

Водичи - Шар Аутдорс на Попова Шапка: безбедност за тимот и своите клеинти...

Водичи - Шумски Фенери Фрирајд на Пелистер: безбедност за тимот и своите клиенти...

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bca, tracker