Кошничката е празна!
Најпродавани

Julbo Alpha

Julbo Alpha
Julbo Alpha Julbo Alpha Julbo Alpha
Бренд: Julbo
Код на производот: julbo
Достапност: 2
6,200ден.
 
   - ИЛИ -   

Широчина и слобода!

Овој нов модел на ски/борд маска од француската компанија Жулбо (JULBO), во својот дизајн ја инкорпорира конструкцијата „без рамка“ на оваа компанија - за ултра-широко поле на прегледност, без препреки. Модерниот дизајн го карактеризираат големите цилиндрични леќи, совршената интеграција на ластикот и со широки шлемови, оптимален комфор и стил - како и голема слобода при секаков тип на скијање и бордање!
Покрај препознатливиот супериорен оптички квалитет кои го имаат моделит на Жулбо, овој модел исто така има и технологија за анти-замаглување, што нуди гарантирано чист и заштитен поглед.

Технички карактеристики
-Проток на воздух: низ рамката е овозможен проток на воздух, со што се помага против замаглување
-Анатомска конструкција: во конструкцијата постојат специјални засеци, со кои се овозможува поголема флексибилност и одличен фит
-Слој против замаглување: од внатрешната страна на леќите има дополнителен слој кој помага против замаглување
-Многу мек слој на сунѓер кој доаѓа во директен контакт со лицето
-Цилиндрични, двојни леќи
-Двојно подесување на ластикот: на ластикот има две токи, со кои се овозможува симетрично подесување - со многу леснотија
-Конструкција без рамка
-Целосно силиконизиран грип: од внатрешната страна на ластикот, по целата негова должина, има линија со силикон, за совршен грип на шлемот
-Контрола против отсјај со мала поларизација (57%): со ова се овозможува доволен влез на светлина и лесно читање на теренот, како во добри, така и во лоши услови.
-Ластик кој е компатибилен со сите видови на шлемови за скијање/бордање

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: julbo, alpha