Кошничката е празна!
Најпродавани

Mund Ocean - Bambu/Seacell

Mund Ocean - Bambu/Seacell
Mund Ocean - Bambu/Seacell Mund Ocean - Bambu/Seacell Mund Ocean - Bambu/Seacell
Бренд: Mund
Код на производот: mund
Достапност: 16
750ден.

Достапни опции


* Големина:

 
   - ИЛИ -   

Mund Ocean

Модел на летни чорапи за планинарење, со исцелувачки ефект, благодарение на влакната од бамбус и SEACELL®. Двата материјали се природни и биоразградливи, штитат од УВ зраци и се многу меки на допир. Бамбусот исто така помага во регенерацијата на кожата, а и штити од бактерии, а со тоа и од лош мирис.

Достапни се во 4 големини:
С (34-37)
М (38-41)
Л (42-45)
ХЛ (46-49)

Овој модел е без шевови, за уште поголем комфор и е одличен избор за практикување на спорт при високи температури. Доаѓа со посебна конструкција за лева и десна чорапа за зголемена адаптибилност, а на соодветни места постојат и зајакнувања за зголема издржливост на моделот... 

Температурен опсег: од 15°C до 30°C
Сезона: пролет/лето
Препорачана активност: планинско трчање, трекинг, долги планински тури, прошетки во природа

Главни влакна: Seacell®, Lycra®, Bambu
Состав: 52% Bambu, 23% Seacell®, 20% Polyamide, 5% Lycra®

Тежина: 66 грама/пар

Препораки за негување: да не се пегла, суши, да не се користат средства за избелување, да се пере на 30°C

***
За компанијата
МУНД

Оваа компанија потекнува од планинските предели на Сиера де ла Деманда (Бургос, Шпанија). Фабриката се наоѓа во градот Прадолуенго, чија текстилна традиција постои од 16-тиот век. 
Производството на МУНД претставува сплотено, вековко генерациско знаење од областа на текстилната инудстрија, надополнето со најнајпредните технологии и дизајни на денешницата.
Работата на компанијата се состои од комбинација на континуирано истражување на „паметни“ влакна и развој на иновативни дизајни - се’ со цел да се понуди најдобриот производ на заедницата која ги практикува планинските спортови.
Достапност, комфор, добробит! - Во МУНД веруваат дека планините и спортот треба да се достапни и посветени се во тоа да произведат висококвалитетен производ - по многу достапни цени! Тие сакаат да овозможат комфор и добробит секому кој ги сака планините, како што ги сакаат и тие...

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: mund, ocean, bambu, seacell, lycra