Пора МИПС е совршен модел за сите вљубеници во „All Mountain“ возењето - кои бараат спецификација со дополнителна безбдност на МИПС системот.
Одличен производ, со одлична цена!
Дизајнот е таков да овозможува „подлабоко“ покривање, а конструкцијата на визирот - силна, со што се гарнтира заштита од гранки и разно други пречки кои може да ве начекаат, возејќи низ природата.
МИПС! - Овој модел доаѓа опремен со МИПС класа А, што значи адаптирање на погодностите на МИПС системот - конкретно за Пора моделот, следејќи ги линиите на перничињата за комфор во внатрешноста, овозможувајќи при тоа МИПС системот да не предизвикува дополнително потење, како и да не претставува некаква пречка во системот за вентилација...
22 канали за вентилација овозможуваат одлична циркулација на воздухот во внатрешноста, а системот за затегнување - совршена подесливост.
Големини: М (53-57цм) и Л (57-61цм)
Тежини: М (260гр.) и Л (285гр.)