Bianchi Magma 29s Cues 9s celeste
Кошничката е празна!
Најпродавани

Bianchi Magma 29s Cues 9s celeste

Bianchi Magma 29s Cues 9s celeste
Бренд: Bianchi
Код на производот: bianchi
Достапност: 4
48,000ден.

Достапни опции


* Големина:

 
   - ИЛИ -   

Овој модел е од каталогот на Бјанки за 2026 година. 
Кај нас веќе достапен - во ограничени количини.

Спецификација:

РАМ Bianchi Magma 29, алуминиум
АМОРТИЗЕР Suntour XCM32-NLO 29", 100мм
ГАРНИТУРА FSA N.10
СТЕМ Velomann ST92A
ВОЛАН Velomann MTB479A, ширина: 720мм
ГРИП T-One T-GP48B 130мм
КОЛЧЕ Velomann SP-7019, 27.2мм
СЕДЛО Selle Royal SRX
ТРКАЛА Mach1 6KLIXX 29, 622-32, 32 дупки
ГУМИ Kenda Booster, 29x2,2"
Шифтер Shimano CUES SL-U4000, 9 брзини
ЗАДЕН МЕНУВАЧ Shimano CUES RD-U4020, 9 брзини
ПРЕНОС Shimano FC-U4000, 36x22T
ЛАНЕЦ Shimano CN-LG500
КАСЕТА Shimano CS-LG300, 11-13-15-17-20-23-26-
30-36T
ХИДРАУЛИЧНИ КОЧНИЦИ Shimano MT-200
РОТОРИ Shimano SM-RT10, 160мм

За BIANCHI

BIANCHI (Бјанки) е најстариот производител на велосипеди во светот, започнувајќи ја својата мисија во далечната 1885 година – со непрекинати иновации и пасија за постојан развој на велосипедизмот во овие повеќе од 130 години! 
Сосема на кратко, Ви претставуваме дел од историјата на оваа компанија:

1885 - 1900
Младиот Едоардо Бјанки, отворајќи ја својата прва продавница во Милано, во 1885 година, почнува да работи на својата прва замисла: да го намали диаметарот на предното тркало (доведувајќи го што поблиску до големина на задното), да го избалансира „празниот од“ во движењето, воведувајќи ланец за придвижување и да ја симне висината на педалите. Со тоа тој  започнува со производство на првиот „модерен“ велосипед - безбеден велосипед за кој не се потребни „акробатски“ способности за негово возење и управување. Во 1888 година, Бјанки го произведува првиот велосипед со гуми на тркалата, а во 1895 година, по покана на Кралицата Маргарита, тој во кралскиот дворец го претставува првиот дамски велосипед. Веќе во 1899 година пак, Бјанки преку својот професионален тим, го постигнува и првиот спортски успех, кога Џовани Томасели победува на Гран Прито во Париз.

1900 - 1920
Вo 1913 година, Бјанки ја претставува најновата иновација: предна кочница во системот за кочење, а во 1915 година, произведен е велосипед за потребите на армијата: опремен со пошироки гуми од дотогаш вообичаените, рам на расклопување и со двојна амортизација. Ова е практично првиот планински велосипед со двојна амортизација – претходник на сите модерни верзии, а користен од војската во нивните акции од Алпите до пустините во Африка.

Во децениите што следуваат, Бјанки во конктинуитет, од година во година го „тресе“ светот на велосипедизмот, како со своите модели и иновации, така и на спортски план, во друмскиот и планинскиот велосипедизам, каде возачи во тимовите возејќи ги моделите на Бјанки победуваат неколкукратно на Светски првенства (пример: во друмски велосипедизам уште во 1953та година, а планински во 1991 година), Еворпски првенства, Олимпијади (пример: во планински велосипедизам во 1994 година), големи класици (пример: на Милано-Сан Ремо трката победа уште во 1914 година / повеќе од 15 победи во историјата), најголемите друмски трки (примери: на Џиро победа уште во 1911 година/ 8 победи во историјата; двајца возачи со победи на Џиро и Тур во иста година – Фаусто Копи и Марко Пантани...) итн, итн.

И денес, со пасија која не е стивната, Бјанки нуди пред се’ голема палета на модели – за сечии потреби и перформанси. Ви стоиме на располагање за совет околу избор на моделот кој би Ви бил потребен: info@outdoor.mk!

Одберете и Вие – Бјанки!
Одберете и Вие – 140 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bianchi, magma 29s, cues