Туринг/фрирајд модел, со внимателно селектирана, урамнотежена крутост и фит, за перформанси и комфор соодветни на сестраните услови во кои може да се најдеме во планините во Македонија, но соодветни секако и за било кој масив во светот.
K2 Mindbender 100 BOA® е сестрана опција со среден волумен, наменета за скијачи кои сакаат да уживаат и по патеките во ски центри, но и во авантури во недопрен терен. Опремена со лесната Powerlite конструкција на K2 и калап од 100мм, таа нуди одличен баланс помеѓу издржливост, прецизна контрола и удобност, со можност за термообликување за совршено прилагодување.
BOA® Fit системот овозможува прецизно и микро-прилагодливо затегнување, додека режимот за одење Powerlock Spyne со агол на движење од 50 степени обезбедува ефикасно движење нагоре без губење контрола при спуст.
Категорија
Фрирајд, Туринг, 2-деленмодел
Тежина на производот
1827 г @ големина 26.5
Материјал на горниот дел
PP (полипропилен)
Флекс индекс
100
Внатрешна чизма (влошка)
LuxFit
Надворешен ѓон
GripWalk
Конструкција
TPU (термопластичен полиуретан)
Гуртни
40 мм велкро
Волумен на чизмата
Среден
Ширина
100 мм