Бјанки ВИА НИРОНЕ 7 - „две во едно“: друмски велосипед со ендуренс геометрија, кој „прима“ и пошироки гуми, за авантури и надвор од асфалтот.
Спецификација:
РАМ Bianchi Via Nirone 7 алу, внатрешно спроведување на кабли...
ВИЛУШКА Карбон, 1,5", тру аксел 12x100мм
ГАРНИТУРА Acros за внатрешно спроведување
ШИФТЕРИ Shimano GRX, shifter lever ST-RX610, caliper BR- RX400
ЗАДЕН МЕНУВАЧ Shimano GRX, RD-RX822, 12sp
ПРЕНОС Shimano GRX, FC-RX610, 40T Должина на курбла: 165мм (47-50); 170мм (53-55); 172.5мм (57-59); 175мм (61цм)
СРЕДНА ОСОВИНА TShimano BB-RS501, BSA
ЛАНЕЦ Shimano 105, CN-M7100
КАСЕТА Shimano SLX, CS-M7100, 10-45T, 10-12-14-16-18-21-24-28-32-36-40-45T
КОЧНИЦИ Shimano BR-RX410 хидраулични диск кочници
РОТОРИ Shimano SM-RT10, 160мм
ТРКАЛА Velomann 622х21, 32 дупки
ГУМИ Pirelli Cinturato Gravel Adventure M, 40-622, Tubeless ready, 60 TPI
СТЕМ Velomann 80мм (47-53цм), 100мм (55цм), 120мм (57-61цм)
ВОЛАН Velomann Gravel, алуминиум, диам. 31.8мм, „рич“ 70мм, „дроп“ 130мм, агол 16 степени Size: 400 mm (47-53); 420 mm (55-59); 440 mm (61цм)
ТРАКА Bianchi Hexagon, 2.5мм дебелина
КОЛЧЕ Velomann Aluminium, 27,2мм; 15мм офсет
СЕДЛО Selle Italia Gnd Full-fit
За BIANCHI
BIANCHI (Бјанки) е најстариот производител на велосипеди во светот, започнувајќи ја својата мисија во далечната 1885 година – со непрекинати иновации и пасија за постојан развој на велосипедизмот во овие повеќе од 130 години!
Сосема на кратко, Ви претставуваме дел од историјата на оваа компанија:
1885 - 1900
Младиот Едоардо Бјанки, отворајќи ја својата прва продавница во Милано, во 1885 година, почнува да работи на својата прва замисла: да го намали диаметарот на предното тркало (доведувајќи го што поблиску до големина на задното), да го избалансира „празниот од“ во движењето, воведувајќи ланец за придвижување и да ја симне висината на педалите. Со тоа тој започнува со производство на првиот „модерен“ велосипед - безбеден велосипед за кој не се потребни „акробатски“ способности за негово возење и управување. Во 1888 година, Бјанки го произведува првиот велосипед со гуми на тркалата, а во 1895 година, по покана на Кралицата Маргарита, тој во кралскиот дворец го претставува првиот дамски велосипед. Веќе во 1899 година пак, Бјанки преку својот професионален тим, го постигнува и првиот спортски успех, кога Џовани Томасели победува на Гран Прито во Париз.
1900 - 1920
Вo 1913 година, Бјанки ја претставува најновата иновација: предна кочница во системот за кочење, а во 1915 година, произведен е велосипед за потребите на армијата: опремен со пошироки гуми од дотогаш вообичаените, рам на расклопување и со двојна амортизација. Ова е практично првиот планински велосипед со двојна амортизација – претходник на сите модерни верзии, а користен од војската во нивните акции од Алпите до пустините во Африка.
Во децениите што следуваат, Бјанки во конктинуитет, од година во година го „тресе“ светот на велосипедизмот, како со своите модели и иновации, така и на спортски план, во друмскиот и планинскиот велосипедизам, каде возачи во тимовите возејќи ги моделите на Бјанки победуваат неколкукратно на Светски првенства (пример: во друмски велосипедизам уште во 1953та година, а планински во 1991 година), Еворпски првенства, Олимпијади (пример: во планински велосипедизам во 1994 година), големи класици (пример: на Милано-Сан Ремо трката победа уште во 1914 година / повеќе од 15 победи во историјата), најголемите друмски трки (примери: на Џиро победа уште во 1911 година/ 8 победи во историјата; двајца возачи со победи на Џиро и Тур во иста година – Фаусто Копи и Марко Пантани...) итн, итн.
И денес, со пасија која не е стивната, Бјанки нуди пред се’ голема палета на модели – за сечии потреби и перформанси. Ви стоиме на располагање за совет околу избор на моделот кој би Ви бил потребен: info@outdoor.mk!
Одберете и Вие – Бјанки!
Одберете и Вие – 140 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!