Троделен стап, лесен и многу компактен кога е склопен - идеален за сите сезони и разни авантури во природа.
Овој модел на алуминиумски стап од италијанската компанија Гривел, е со дијаметар од 14 мм - многу лесен и едноставен за ракување. Рачката е изработена од ергономска пена, материјал кој овозможува поголема удобност и дишливост. Долгата рачка овозможува лесно поместување на раката за промена на позицијата на држење. Има прилагодлива и отстранлива ремка. Благодарение на иновативниот „Knee“ систем, со кој стапот се склопува во 3 дела, склопувањето е многу лесно и брзо. Фиксиран е со два метални лизгачи кои се движат преку зглобот и го зацврстуваат стапот во должина. Во пакет доаѓа со летни и зимски корпи, кои лесно се заменуваат со систем на навртување.
Достапен е во две должини кај нас: 112 (С) и 122 (М).
Активности: трекинг, треил трчање, алпинизам, ски-туринг
Материјали/конструкција/технологии: алуминиум, EVA пена
Тежина: 190 г (6,7 oz) за С големина (112цм)
Должина кога е склопен: 40 см (112 см) и 42 см (122 см)