Bianchi Sprint ICR 105 12s
Кошничката е празна!
Најпродавани

Bianchi Sprint ICR 105 12s

Bianchi Sprint ICR 105 12s
Bianchi Sprint ICR 105 12s Bianchi Sprint ICR 105 12s Bianchi Sprint ICR 105 12s
Бренд: Bianchi
Код на производот: Bianchi
Достапност: 1
158,000ден.

Достапни опции


* Друмски велосипеди - големини::

 
   - ИЛИ -   

Бјанки СПРИНТ - со Шимано 105 12с!
Во моментов достапен само во големина 50 (реална должина 52)

Спецификација:

Рам Sprint carbon monocoque, компатибилен со механички и електронски системи, BB-PressFit 86,5x41, гарнитура 1.4"-1.5", интегрирано колче, thru axle 12 x 142
Вилушка Full Carbon Aero Road 1.4">1.5" integrated head, thru axle 12x100
Гарнитура ACROS & FSA, за внатрешно спроведување на кабли

Шифтери Shimano 105, со хидраулика за друмски со 160мм ротори
Заден менувач Shimano 105 12sp, директно врзување, макс 36T
Преден менувач Shimano 105 12sp, макс 50-54T, 16T капацитет
Пренос Shimano 105 12sp, курбла: 170mm за 47/53cm, 172.5mm за 55/59cm, 175mm за 61cm
Средна осовина Shimano, SM-BB72-41B, прес фит за друмски
Ланец Shimano

Кочници Shimano, хидраулика - заедно со шифтерите
Ротори Shimano, центар лок, SM-RT70, 160mm

Тркала Velomann алуминиум за диск, 30mm профил на обрачот, клинчер 622x19C, предно HH12 - задно HH12/142
Гуми Vittoria Rubino IV G2.0 graphene, 700x25, 60TPI

Стем Velomann, алу 6061, рајз - 7° должина: 80mm за 44cm, 90mm за 47/50cm, 100mm за 53cm, 110mm за 55/57cm, 120mm за 59/61cm
Волан Velomann Compact, алу 6061, диам. 31,8mm, рич 80mm, дроп 130mm ширина: 400mm за 44/53cm, 420mm за 55/59cm, 440mm за 61cm
Трака Bianchi cork, црна

Колче Velomann алу 6061, 15mm офсет, 27,2мм; Должина: 300mm за 44cm ; 350mm за 47/61cm
Седло Velomann Seta

За BIANCHI

BIANCHI (Бјанки) е најстариот производител на велосипеди во светот, започнувајќи ја својата мисија во далечната 1885 година – со непрекинати иновации и пасија за постојан развој на велосипедизмот во овие повеќе од 130 години! 
Сосема на кратко, Ви претставуваме дел од историјата на оваа компанија:

1885 - 1900
Младиот Едоардо Бјанки, отворајќи ја својата прва продавница во Милано, во 1885 година, почнува да работи на својата прва замисла: да го намали диаметарот на предното тркало (доведувајќи го што поблиску до големина на задното), да го избалансира „празниот од“ во движењето, воведувајќи ланец за придвижување и да ја симне висината на педалите. Со тоа тој  започнува со производство на првиот „модерен“ велосипед - безбеден велосипед за кој не се потребни „акробатски“ способности за негово возење и управување. Во 1888 година, Бјанки го произведува првиот велосипед со гуми на тркалата, а во 1895 година, по покана на Кралицата Маргарита, тој во кралскиот дворец го претставува првиот дамски велосипед. Веќе во 1899 година пак, Бјанки преку својот професионален тим, го постигнува и првиот спортски успех, кога Џовани Томасели победува на Гран Прито во Париз.

1900 - 1920
Вo 1913 година, Бјанки ја претставува најновата иновација: предна кочница во системот за кочење, а во 1915 година, произведен е велосипед за потребите на армијата: опремен со пошироки гуми од дотогаш вообичаените, рам на расклопување и со двојна амортизација. Ова е практично првиот планински велосипед со двојна амортизација – претходник на сите модерни верзии, а користен од војската во нивните акции од Алпите до пустините во Африка.

Во децениите што следуваат, Бјанки во конктинуитет, од година во година го „тресе“ светот на велосипедизмот, како со своите модели и иновации, така и на спортски план, во друмскиот и планинскиот велосипедизам, каде возачи во тимовите возејќи ги моделите на Бјанки победуваат неколкукратно на Светски првенства (пример: во друмски велосипедизам уште во 1953та година, а планински во 1991 година), Еворпски првенства, Олимпијади (пример: во планински велосипедизам во 1994 година), големи класици (пример: на Милано-Сан Ремо трката победа уште во 1914 година / повеќе од 15 победи во историјата), најголемите друмски трки (примери: на Џиро победа уште во 1911 година/ 8 победи во историјата; двајца возачи со победи на Џиро и Тур во иста година – Фаусто Копи и Марко Пантани...) итн, итн.

И денес, со пасија која не е стивната, Бјанки нуди пред се’ голема палета на модели – за сечии потреби и перформанси. Ви стоиме на располагање за совет околу избор на моделот кој би Ви бил потребен: info@outdoor.mk!

Одберете и Вие – Бјанки!
Одберете и Вие – 135 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bianchi, sprint