Женски долен дрес за велосипедизам - од највисоката класа на италијанската компанија Налини: бескомпромисна аеродинамика, леснотија, дишливост и еластичност, но и најдоброто перниче, дизајнирано согласно женската анатомија.
Овој модел овозможува максимален комфор во сите негови делови: во горниот дел се користи мек еластичен материјал во комбинација со микрофибер - без остри и некомфорни засечоци; во делот околу колкот и стомакот - половината ја опфаќа мрежест, дишлив материјал; а во долниот дел - мека, компресивна и многу компактна Ликра.
На овој овозможен комфор, се придодава и многу чистиот лик - со шевови сведени на апсолутен минимум.
На кратко за спецификациите:
Материјалот кој се користи, освен што дава оптимална поддршка на мускулите, но има и одлична еластичност во исто време, исто така има и многу важна - висока УВ заштита;
Рефлектирачките детали (логоа и додатоци), овозможуваат зголемена видливост, а со тоа и безбедност при возењето низ сообраќајот;
Перничето е антибактериско и специјално изработено согласно женската анатомија, а погодно е и за многу долги возења: тоа нуди максимална поддршка во сите три класични позиции при воланот (кочење, качување, тркање), но и се прилагодува на сите други движења и позиции на возачот.