За истражувачкиот ентузијазам!
Одлична цена со 20% ПОПУСТ!
Овој модел има конструкција без рамка. Сферичната леќа овозможува ултра широко поле на прегледност и тоа го прави овој модел совршен придружник за сите ски ентузијасти кои сакаат да ги истражуваат планините - и кои имаат мали кон средни големини на лица.
Овој модел има беспрекорен контакт со шлемот за скијање и бордање и со своите 110 грама - ќе биде неприметлив на Вашето лице!
Технички карактеристики
-Проток на воздух: низ рамката е овозможен проток на воздух, со што се помага против замаглување
-Анатомска конструкција: во конструкцијата постојат специјални засеци, со кои се овозможува поголема флексибилност и одличен фит
-Слој против замаглување: од внатрешната страна на леќите има дополнителен слој кој помага против замаглување
-Двојно подесување на ластикот: на ластикот има две токи, со кои се овозможува симетрично подесување - со многу леснотија
-Сунѓер со двојна густина: Два слоја сунѓер кои даваат оптимален комфор, како и помош во апсорпција на удари, при што внатрешниот е помек на допир со кожата
-Целосно силиконизиран грип: од внатрешната страна на ластикот, по целата негова должина, има линија со силикон, за совршен грип на шлемот
-„Невидлив“ спој на ластикот: ластикот е вметнат директно во конструкцијата - за минималистички дизајн
-Ластик кој е компатибилен со сите видови на шлемови за скијање/бордање