Velocity HD2: дишливост, леснотија, УВ заштита!
Технички, ергономски - создадени за перформанси! Овој модел е највисоката класа на Але', „поминат“ низ испитувања во воздушен тунел, со докажани аеро перформанси. Главниот материјал оддава чувство на леснотија и е скоро неприметлив на Вас, со таргетирани компресиони точки, а целосната конструкција овозможува врвна стабилност и позиционираност додека сте на велосипедот.
Тежина: 180г.
Температурен опсег: 18°/30°С
Перниче: 8h+ evo
Материјали:
Главен материјал: 53% полиамид, 47% еластан
Седален панел, преден панел: 71% полиамид, 29% еластан
Заден панел: 83% полиестер, 17% еластан
Прерамки: 63% полиамид, 23% полиестер, 14% еластан
За перничето: 8h+EVO
Еластичен микрофибер со подлога која се прилагодува на Вас и стратешки позиционирани контактни точки. Максималната густина од 120kg/m³ на перничето е калибрирана и дишлива на целата покривна површина и овозможува врвна заштита од удари при возењето. Централниот канал овозможува заштита на нервните завршетоци и тоа дава подобрена поддршка и на подолги растојанија. Странично оформените панели се флексибилни и го следат телото при педалирањето, адаптирајќи се на Вашата анатомија за највисок комфор