Grand Prix 5000 S Tubeless Ready
Новата верзија на гумата за велосипедизам од највисоката класа на германската компанија Континентал - сега е направена полесна, побрза и со посилни странични ѕидови!
Возете побрзо, покомфорно и со подобрена отпорност од дупнување - направена да Ве направи да бидете подобри!
Tubeless Ready
Конструкцијата на оваа гума е робусна и многу отпорна на оштетување. Таа е сестрана, со мала тежина и атрактивен дизајн. Дополнително, направена е со технологија која овозможува да биде користена и како тубелес и со внатрешна гума.
Континентал препорачува да се користи нивниот РевоСилант - достапен кај нас за продажба, но и за монтажа во сервисот.
Black Chili
Уникатниот состав на плетката, кој специјално се изработува само во Германија - донесе револуција во велосипедизмот.
Легендарната BlackChili компонента нуди најдобар баланс помеѓу одличен грип и намалено триење при движењето! Редовните победи на тестовите, ги потврдуваат мерливите и забележливите предности кои ги добива возачот!
Active Comfort
Во составот на гумата е инкорпорирана и Актив Комфорт технологијата - уште еден револуциониерен пристап во велосипедизмот, како што кажува и самото име, фокусиран да Ви понуди „мазно“ возење со апсорбирање на вибрациите.
Lazer Grip
За одличниот грип, дополнително помага и специфичната микро-профилна структура на рамото на оваа гума, со што се овозможува неверојатно прецизно и контролирано вртење во кривини.
За hookless / hooked обрачи
За монтажата, Континентал прво препорачува иницијално да се стави 30мл од РевоСилент-от, а потоа да се заврти тркалото, со што би се овозможило негово распределување по гумата. Во зависност од тоа дали Вашиот обрач е хуклес или не, за оваа ширина на гума (28мм), препорачаните максимални притисоци се:
hookless: 5 бара
hooked: 6.5 бара
Тежина: 280 грама