Сет за поправка на дупната тубелес гума на планински велосипед.
Долготрајно решение за пукнатини до 5мм.
Во сетот се вклучени алатка - игла за вметнување на чепови и 6 чепа со димензии: 3 со Ø 2mm и 3 со Ø 4mm. За безгрижно возење со можност за поправка во секој момент, без потреба да се отстрани гумата од тркалото.
Сетот доаѓа спакуван во компактно пластично кутивче.
Тежина: 35гр
Димензии на пакувањето: 122мм х 35мм х 23мм
Упатство:
1. Најдете ја дупката од која се издишува гумата и извадете го предметот (стакло, трн...) кој можеби сеуште е во гумата на тоа место.
2. Вметнете го чепот низ дупката на иглата.
3. Внесете ја иглата низ дупката на гумата.
4. Со сила извадете ја, вртејќи со зглобот на раката.
5. Допумпајте ја гумата ако е тоа потребно.
Чеповите во овој сет, се доволно големи да затворат пукнатини со големина 1-5мм. За помали пукнатини, доволно ќе биде и млеко/силант, а за поголеми пукнатни од тие димензии - ќе треба да се смени гумата.