Elite Justo
Кошничката е празна!
Најпродавани

Elite Justo

Elite Justo
Elite Justo Elite Justo Elite Justo Elite Justo
Бренд: Elite
Код на производот: elite
Достапност:Производот моментално го нема на залиха
61,000ден.

Јусто е новиот модел од највисоката класа на тренажери на италијанската компанија Елит.

Достапност: од почеток на 2024г.
Инфо и резервации: info@outdoor.mk

Врвна прецизност, симулација на стрмнина до 24%, интегриран мерач на моќност, авто-калибрација и многу друго - ова е тренажер кој дополнително Ви помага во предизвикувањето на самите себе и добивање најмногу од Вашиот тренинг.  

Јусто е најнапредната алатка од каталогот на Елит! Во домашни услови, можете да го возите Вашиот велосипед во многу реална симулација - со таргетирани програми и низ голем број на виртуелни трки, достапни преку бројните апликации...

Интегриран мерач на моќност со максимална прецизност!
Јусто ја мери моќноста со интегриран мерач на моќност - OTS (Optical Torque Sensor), со неверојатно прецизност: <1%
Дополнително, Јусто има лесно преминување/користење на ЕРГ програмите, благодарение на „Лесен старт“ функцијата, со која се овозможува со лесно педалирање да се започне или продолжи одреден интервал, откако сте престанале да педалирате. Откако тренажерот ќе престане да врти, оваа функција овозможува да не постои отпор, се' додека не почнете да педалирате, давајќи Ви неколку секунди да почнете да ги движите нозете пред да го врати отпорот кој го имате внесено за Вашиот интервал/тренинг.

Брутални стрмнини до 24% 
Јусто може да симулира стрмнини со неверојатни 24%, овозможувајќи Ви сериозно напредување во искачувањата, преку реално чувство и симулација.
Овој модел е компатибилен со Рајзер алатката на Елит, која го поместува Вашиот велосипед нагоре-надоле, дополнително давајќи чувство како навистина на качувате или симнувате некоја планина.

Подобрете го чувството на педалирање со „Флекс ногарките“
Јусто вклучува и избор на „Флекс ногарки“ со кои се добива пофино чувство на педалирање. Со овие менливи додатоци, Елит сака да Ви овозможи што поблиску до реалноста - природен притисок и осцилации, адаптирајќи го педалирањето на тренажерот што поблиску до Вашиот стил на педалирање кога возите надвор.
Со приближување до природната биомеханика на мускулите, се намалува заморот во мускулите и во голема мера се подобрува ефикасноста во Вашиот тренинг во домашни услови.

Авто-калибрација
Јусто може самиот да се калибрира, во најсоодветно време, без да биде потребно самите Вие мануелно тоа да го правите.
Оваа нова функција овозможува да имате прецизен тренинг - уште од првиот момент на користење.

Компатибилен со сите апликации и платформи
Јусто се врзува на два начини со апликациите во Вашиот уред: ANT+™ FE-C или Bluetooth®.
Со Јусто добивате 12-месечна бесплатна претплата на Елит тренинг апликацијата, како и пробни периоди за тренинг на најпопуларните апликации како Звифт, ТрејнерРоуд, Руви, Киномап и БКул.

Две „самостојни“ функции
Јусто поседува можност да се користи и кога не е поврзан со некоја апликација или приклучен во струја.
Ако е приклучен во струја, а не е поврзан со апликација, Вие сеуште ќе можете да симулирате педалирање, поставувајќи вредност на стрмина од 0-24% преку тренинг апликацијата на Елит. Тренажерот ќе ја запомни оваа вредност, дури и кога нема да биде поврзан со апликацијата.
Ако тренажерот не е ниту поврзан со апликација, ниту е поврзан со струја, можете да го користите со претходно внесување на ниво на тренинг од 1-16 преку тренинг апликацијата на Елит.

Максимална компатибилност
Јусто е компатибилен со друмски, гравел и планински велосипеди благодарение на 13-135х5 „квик рилис“ и 142х12 тру-аксел адаптери достапни во пакетот.
Преку сајтот на Елит можете да докупите адаптери за компатибилност со 135х10-12мм (код: 1014306), Буст 148х12мм (код: 1014303) и Супер Буст 157х12мм (код: 1014346).
Јусто веднаш од кутија може да прими следна касета: Шимано 9/10/11/12. 
Инаку може да се докупат следни хабови за касети: Шимано 12 МТБ (Микро сплајн со код: 1014315), Кампањоло 9/10/11/12 (код: 1014233), СРАМ 12 (код: 1014279).

Анализа на педалирањето
Оваа функција е достапна за сите врвни интерактивни модели на Елит, вклучувајќи го секако и Јусто. Со оваа функција, која е достапна за купување преку тренинг апликацијата на Елит, можете да добиете претстава за механичката ефикасност на движењата при педалирањето и ќе можете да направите соодветни корекции ако е тоа потребно

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: elite, justo