Zefal Adventure C4
Водоотпорна торбичка (IPX4 стандард) за поставување од долната страна на горната цевка (по целата нејзина должина) - ќе биде Ваш придружник во било кој тип на велосипедска авантура, независно дали возите друмски, гравел, туринг или планински велосипед. Волуменот е доволно голем за да можете покрај повеќето основни работи - дополнително да ја ставите внатре на пример и ветровката...
Тежина: 238гр
Волумен: 4.2Л
Димензии: 500х140х65мм
Материјал: Полиестер 600Д ТПУ, со водоодбивен патент
Материјалите кои се користат за гуртните за затегнување помагаат во минимизирање на триењето, но секако - ризикот од траги на рамот не може целосно да биде избегнат. За целосно избегнување на траги од триење, се препорачува претходна заштита со проѕирна фолија - како таа што често се користи за заштита на рамот од удари на ланецот.
Торбичката се препорачува да се пере рачно и да не се става во машина за перење.