Кошничката е празна!
Најпродавани

Conti. Grand Prix 5000 TL 28-622

Conti. Grand Prix 5000 TL 28-622
Conti. Grand Prix 5000 TL 28-622 Conti. Grand Prix 5000 TL 28-622
Бренд: Continental
Код на производот: Continental
Достапност: 8
4,500ден.
 
   - ИЛИ -   

Највисоката класа на гума за друмски велосипедизам од Континентал - сега и во „тјублес“ варијанта, а со својата ширина конкретно на овој модел (28х622) и за уште поголемо уживање при возењето!

Рачно изработена во Германија - најдобрата универзална гума, сега веќе изработена на сосема ново, повисоко ниво!
Возете побрзо, покомфорно и со подобрена отпорност од дупнување - направена да Ве направи да бидете подобри!

Уникатниот состав на плетката, кој специјално се изработува само во Германија - донесе револуција во велосипедизмот.
Легендарната BlackChili компонента нуди најдобар баланс помеѓу одличен грип и намалено триење при движењето! Редовните победи на тестовите, ги потврдуваат мерливите и забележливите предности кои ги добива возачот!

Во составот на гумата е инкорпорирана и Актив Комфорт технологијата - уште еден револуциониерен пристап во велосипедизмот, како што кажува и самото име, фокусиран да Ви понуди „мазно“ возење со апсорбирање на вибрациите.

За одличниот грип, дополнително помага и специфичната микро-профилна структура на рамото на оваа гума, со што се овозможува неверојатно прецизно и контролирано вртење во кривини.

Докажаниот „Вектран Брејкер“ пак, кој претставува синтетички произведено, високо технолошко влакно, е екстремно отпорно на износување, а е со минимална тежина!

Гума која сите ја посакуваме!

Ширина: 28
Притисок до 94пси
Тежина: 315 грама
ТПИ: 3/180

Видео посветено на процесот на изработка на оваа гума:

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: continental, grand prix, 5000