Mund Sahara
Екстра тенок модел на чорапи, чија конструкција се состои од два слоја: Кулмакс слојот кој доаѓа во директен контакт со кожата и кој гарантира одлична дишливост, а при тоа овозможувајќи лесно навлегување и струење на воздухот околу стопалата; Полиамид слој кој ја подобрува издржливоста на моделот.
Достапни се во 4 големини:
С (34-37)
М (38-41)
Л (42-45)
ХЛ (46-49)
Овие чорапи се дизајнирани за планинарење во многу високи температури. Во нивната конструкција исто така има и Ликра, за совршени адаптивни својства - за намалување на можноста од појава на плускавци. Шевовите се „мазни“. Дебелината - екстра тенка...
Температурен опсег: 10°C - 30°C
Сезона: лето
Главни влакна: Lycra®, Coolmax® Active
Состав: 75% Coolmax®, 15% Lycra®, 10% Polyamide
Технологија: уникатен систем за намалување на можноста за појава на плускавци.
Препорачани активности: трекинг, долги планинарски тури, алпинизам.
Тежина: 40 грама/пар
Препораки за негување: да не се пегла, суши, да не се користат средства за избелување, да се пере на 30°C
***
За компанијата
МУНД
Оваа компанија потекнува од планинските предели на Сиера де ла Деманда (Бургос, Шпанија). Фабриката се наоѓа во градот Прадолуенго, чија текстилна традиција постои од 16-тиот век.
Производството на МУНД претставува сплотено, вековко генерациско знаење од областа на текстилната инудстрија, надополнето со најнајпредните технологии и дизајни на денешницата.
Работата на компанијата се состои од комбинација на континуирано истражување на „паметни“ влакна и развој на иновативни дизајни - се’ со цел да се понуди најдобриот производ на заедницата која ги практикува планинските спортови.
Достапност, комфор, добробит! - Во МУНД веруваат дека планините и спортот треба да се достапни и посветени се во тоа да произведат висококвалитетен производ - по многу достапни цени! Тие сакаат да овозможат комфор и добробит секому кој ги сака планините, како што ги сакаат и тие...